Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Исполнети барањата на Мицкоски за уставните измени, останува на него да одлучи за иднината на земјава

Министрите од редовите на ДУИ вчера поднесоа оставки до премиерот Димитар Ковачевски, кои, како што наведуваат, ќе важат откако пратениците од опозицијата ќе гласаат за усвојување на уставните измени.

Во отвореното писмо кое што лидерот на ДУИ, Али Ахмети, го испрати до премиерот Ковачевски се вели дека ваквиот потег го прават за да го исполнат условот на опозицијата, иако се легитимно избрани по волја на албанскиот гласач. Почитта која Ахмети ја укажува кон премиерот Ковачевски, но и националните интереси со писмото во кое се потврдуваат оставките на министрите од ДУИ, покажува дека тие ги ставаат националните пред партиските интереси.

Ахмети во писмото наведува дека Северна Македонија се наоѓа во критична фаза за европската иднина, имајќи ја предвид важноста на интеграцијата и истакнувајќи дека големите одлуки бараат одговорност и политички, национални и државни жртви од сите и токму затоа ги поднесуваат оставките за да се исполнат надежите и соништата на луѓето да станат дел од големото европско семејство.

Исполнети барањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, топката е сега кај нив

Со оставките на министрите од ДУИ, односно со нивното ефективно излегување од Владата, се исполнува барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од лидерската средба кога вети дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржат уставните измени доколку ДУИ излезе од Владата, а тие влезат во неа.

Сега топката е во рацете на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ кои треба да останат на ветеното и да направат чекор со кој ќе покажат дека имаат државнички капацитет и дека може да ги стават националните интереси пред партиските.

Со гласањето за уставните измени, Северна Македонија ќе ги продолжи преговорите за членство во ЕУ, што е стратешка цел на државата од нејзиното формирање и ќе се обезбеди сигурна и стабилна иднина.

За остварување на стратешките цели потребно е единство внатре, бидејќи така се напредува побрзо, што ни покажува и примерот на Хрватска, каде што и власта и опозицијата заеднички работеа на европската агенда. Сега, конечно таква прилика има и Северна Македонија, откако се исполнија барањата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ и тие да се вклучат во процесот на интеграциите и да ги поддржат уставните измени и реформите потребни за членство во ЕУ.

Со цел продолжување на преговорите со Европската Унија по завршувањето на скрининг процесот, што се очекува да биде во ноември, треба да ги изгласа уставните измени со кои во уставот се додаваат и бугарскиот народ, хрватскиот народ, црногорскиот народ, словенечкиот народ, еврејскиот народ и египќанскиот народ. Предлог-уставните измени го поминаа првиот собраниски филтер на Комисијата за уставни прашања, а на пленарна седница пред пратениците ќе се најдат на 18 август. 

Зачлени се на нашиот е-билтен