Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мултикултурна Северна Македонија и специфичниот модел на соживот

Одразот на мултикултурализмот во Северна Македонија може да се види во изјавата на претседателот Стево Пендаровски, дадена на конференцијата „Односи меѓу заедниците: Перцепции, надежи и стравови, предизвици и решенија“ во организација на ЦИВИЛ:

„Историското искуство нè научи да не се плашиме од различните, туку да ја прифатиме и почитуваме различноста. Во сите наши државотворни акти, од Крушевскиот Манифест, па се до Рамковниот договор се провлекува суптилната нишка на инклузивност на различните етникуми. Нашиот модел на соживот надживеа државни системи и идеологии, војни, конфликти и бројни кризи… Се разбира, тоа не значи дека имаме луксуз да живееме на стара слава. Работата е далеку од завршена, затоа што прашањето на меѓуетничка кохабитација никогаш не можете да го архивирате како дефинитивно одговорено. Ни треба многу поголема политичка и институционална поддршка за помалубројните етнички заедници со цел да го зајакнеме специфичниот македонски модел на соживот“.

Во поновата историја на зацврстување на мултикултурализмот во нашата земја Охридскиот Рамковен договор од 2001 година требаше да ја има таа улога. Градењето иднина каде допирните точки меѓу различните етнички заедници нема да бидат конфликтни туку со подадена рака на разбирање, почитување, соработка, толеранција… Креирањето на Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, како и креирањето на  Стратегијата „Едно општество за сите“, дополнително требаа да го разбијат митот на постоење две доминантни етнички заедници, македонската и албанската, и маргинализирање на сите останати етникуми.

Ако се вратиме на изјавата на Пендаровски, во поблага форма, се изразува, токму некозистентноста во улогата и намената што ја имаат трите акти на повеќе политички консензус, отколку на политичка волја и искрена потреба од зајакнување на „ специфичниот македонски модел на соживот“.

Од тука новата Стратегија со концептот на едно општество за сите, на која уште се работи, фокусот го насочува кон интеркултурализмот, на сметка на мултикултурализмот.

Изјавата на пратеничката Санела Шријељ на конференцијата на ЦИВИЛ за односи меѓу заедниците дава добар осврт на смена на концептите за соживот: прибегнување од мултикултурализам кон интеркултурализам.

„ Под различности не спаѓаат само етничките групи, туку сите суб-групи кои имаат повеќе идентитети. Нашите идентитети се градат во интеракција со различностите… Почитувањето на мултиклтурализмот, на различностите и дијалогот се наша општествена преокупација. Поради различности нашиот идентитет никогаш и никако не може да биде загрозен. Напротив, колку сме порзлични во етничка смисла толку заедно сме поцврсти“, вели Шријељ и додава: Антидемократските, антиродовите движења, нападите врз правата на жените, на ЛГБТИ заедницата се засилени и насочени кон поткопување на концептот на почитување на различностите. Еден од основните проблеми што треба да ги адресираме во општеството е да не живееме едни покрај други и само да се толерираме, туку навистина да живееме едни со други“.

Почитување на различностите, кои не се само етнички, туку и културолошки, верски, родови, сексуални, социјални, интелектуални, образовни… го опфаќаат концептот на интеркултурализам или „да живееме едни со други“, а „не едни покрај други и само да се толерираме“.

И ако на индивидуалецот, граѓанинот, му останува да ги прифати сопствените идентитети и идентитетите на другиот, на државата, како колектив, и останува тоа мноштво од идентитети да ги заштити, приближи и пружи еднакви можности и права, пишува Биљана Јордановска во „Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ“.


Перцепции за мултикултурализмот во Северна Македонија на патот кон ЕУ

Зачлени се на нашиот е-билтен