Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Тирана потпишан Меморандумот за разбирање за отворање на кампусот на колеџот на Европа

 Во Тирана денеска беше потпишан Меморандумот за разбирање за отворање на кампусот на колеџот на Европа, на кој потпис ставија градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, министерката за образование, Огерта Манастирлиу и ректорката на колеџот на Европа, Федерика Могерини.

На свеченото потпишување на меморандумот присуствуваше и еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархеји.

Колеџот на Европа, една од главните институции во развојот и промоцијата на европскиот проект, ќе биде сместен во еден од трансформираните симболи на главниот град, во познатиот објект-Пирамида, кој доби нов изглед и кој се трансформира во центар на технологија и информации за Западен Балкан.

Градоначалникот Велиај изрази благодарност за тоа што Тирана е избрана меѓу многуте европски градови за отворање на овој кампус, додавајќи дека „Албанија со отворањето на Колеџот на Европа во Тирана поставува уште еден скапоцен камен кон европска Албанија“.

Министерката Манастирлиу рече дека овој договор е историски за образованието во Албанија.

– Историска вест за интернационализација на високото образование во Албанија и за приближување кон Европската унија. Финализираме еден од оние соништа кои се родиле кога баравме да бидеме како цела Европа и всушност дали постои заеднички именител што нè поврзува заедно и што уште побрзо не носи во Европа, како образованието. Колеџот на Европа, кампусот во Тирана е историски момент, во контекст на интернационализацијата на универзитетите и приближувањето кон Европската унија, изјави Манастирлиу.

За еврокомесарот Вархеји „Колеџот на Европа стана симбол на проширување“.

„Нема подобар и појасен знак дека Албанија станува дел од Европската унија од носењето на Колеџот на Европа во Тирана“, рече Вархеји.

Могерини смета дека „ова е историски момент“.

„Колеџот на Европа конечно го носиме надвор од Европската унија“, изјави ректорката Могерини.

Отворањето на кампусот на колеџот на Европа во Тирана беше иницирано пред една година од премиерот Еди Рама на Самитот на Европската унија и балканските земји во Тирана. Ова е трет кампус на Колеџот на Европа и прв што ќе биде надвор од Европската унија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново