Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Истражување: Третина од српските граѓани се против влез во ЕУ, расте ставот за пријателството со Северна Македонија

Членството на Србија во ЕУ го поддржуваат 46 отсто (главно испитаници на возраст од 45-59 години), 37 отсто имаат спротивно мислење, додека 17 отсто од нив се изјасниле на анкета на НВО- Институт за европски работи, јави дописникот на МИА од Белград.

Речиси половина од испитаниците (48 отсто) сметаат дека Србија не треба да се откаже од членството во ЕУ, додека 33 проценти го сметаат спротивното, а 19 отсто немаат став за тоа.

Доколку утре се одржи референдум за членство на Србија во ЕУ, 44 отсто од испитаниците се изјасниле дека би гласале за влез на Србија во Европската Унија, додека 30 отсто од полнолетните граѓани би гласале против, а 10 отсто би биле воздржани.

Според истражувањето 3/5 сметаат дека Србија има корист од соработката со ЕУ, а на скалата од 1 до 5 на односот меѓу Србија и ЕУ просечната оценка е 2,79.

Според ова истражување Унгарија (37,0%) и Босна и Херцеговина (14%) се соседни земји со кои Србија има најдобри односи. Следат Северна Македонија (11%) и Црна Гора и Романија (со по 7% од испитаниците).

Во споредба со претходните истражувања за пријатели на Србија, најголем процент од испитаниците во мај 2023 година ја споменуваа Унгарија, а најмалку Босна и Херцеговина, додека Северна Македонија полека добива се поголема популарност во набљудуваниот период (од март 2018 до мај 2023 година).

Грција падна од првото на второто место (20%), а секој десетти испитаник не гледа ниту една земја за пријател на Србија. Само 5% од анкетираните граѓани сметаат дека Германија е најголем пријател на Србија.

За 26% од испитаниците, Велика Британија е најголемиот непријател на Србија во Европската унија (со исклучок што таа веќе некое време не е членка на ЕУ), додека Хрватска е на второ место во ова истражување со 17%.

Според 11% од испитаниците, Германија е наш непријател, додека една петтина не гледаат ниту една земја во Европската унија како непријателска кон Србија. о

Зачлени се на нашиот е-билтен