Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Граѓаните непоколебливи: ЕУ е најдобрата алтернатива за Македонија

Она што опозицијата не може да го сфати е дека колку повеќе создава клима на општо граѓанско незадоволство од економско политичките прилики во земјата, толку посилно е верувањето на граѓаните дека токму членството во ЕУ е најдобрата алтернатива за нив и за државата.

Љубиша НИКОЛОВСКИ

Она што опозицијата не може да го сфати е дека колку повеќе создава клима на општо граѓанско незадоволство од економско политичките прилики во земјата, толку посилно е верувањето на граѓаните дека токму членството во ЕУ е најдобрата алтернатива за нив и за државата.

Ова јасно и недвосмислено го покажуваат сите досега направени анкети, од сите домашни и меѓународни реномирани агенции, меѓу кои и последната направена од Брима, а по нарачка на НВО Евротинк.

На прашањето дали „ЕУ е најдобра алтернатива“ или „Северна Македонија треба да бара сопствен модел на развој надвор од ЕУ“,  61 процент од испитаниците одговориле дека ЕУ е најдобрата алтернатива за Северна Македонија.

Со тоа тие ја „закопале“ опцијата што опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја промовираа во јавноста дека земјата треба да бара други алтернативи на поврзување како што се БРИКС или кинеската „Појас и пат“.

Оттаму обврската на опозицијата да го слуша гласот на народот се зголемува и таа доколку е искрена кон сопствениот народ ќе мора да ја услиша неговата желба сега и веднаш, на начин што им стои на располагање – да ги изгласа уставните измени.

Граѓаните ја „закопа“ опцијата што опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Левица ја промовираа во јавноста дека земјата треба да бара други алтернативи на поврзување како што се БРИКС или кинеската „Појас и пат“.

Она што е за одбележување е дека податоците од анкетата се многу свежи, од септември оваа година. Тоа значи дека по турбуленциите лани, што беа прдизвикани со протестите против францускиот предлог, довербата кон ЕУ се зголемува или подобро кажано се враќа во стандардната позиција. Кон ова придонесе и намалување на говорот на омраза од страна на официјална Софија, како и потврдата дека нема да има нови дополнителни барања во текот на преговарачкио процес. Со тоа се релаксираа тензиите меѓу двете земји што ги подгреваше претседателскиот кабинет на Румен Радев.

Но најмногу од сè, противниците на членството во Унијата, што како алатка го користеа Францускиот предлог, не успеаја да ги одвратат граѓаните во нивната верба дека само со членство во Унијата ќе им биде подбрена економската состојба и дека тогаш ќе завладеат и кај нас европски вредности, правдата и демократијата. 

Анкетата на Евротинк точно покажува како македонските граѓани ја доживуваат ЕУ.

Речиси 50 (47,7) проценти од испитаниците сметаат дека Европската Унија ќе им овозможи подобар животен стандард и се разбира не се далеку од вистината. Потоа следуваат уверувањето дека ќе се намали невработеноста, поголема демократија (судство, слобода на говор, слобода на медиуми, владеење на право итн.), полесен пристап до работа во странство, поголема сигурност за државата.

Единствената резерва што граѓаните ја имаат кон Унијата е стравот од губење на националниот идентитет (името, јазикот итн.) и тоа благодарение на негативната медимската кампања што ја наметна опозицијата, без да прикаже ниту еден аргумент во прилог на тоа тврдење.

Деновиве во Скопје во рамки на балканската турнеја ќе допатува шефицата на ЕК Урсула фо дер Лајен. Се верува дека ќе се обиде да ги „поттурне“ уставните измени на два начина.

Прво, не само што ќе повтори дека сега е моментот за Северна Македонија да ја искористи шансата во проширувањето кое по руската агресија врз Украина стана и безбедносно прашање за Унијата, туку и со стравувањата за можно одвојување на Македонија од Албанија во европскиот пакет.

И второ, но не помалку важно, со ветување дека Земјите кои брзо ги исполнуваат бараните реформи за возврат ќе добијат инвестиции. Таа и на самитот на Берлинскиот процес во Тирана потврди дека лидерите на ЕУ предложиле инвестициски пакет од 6 милијарди евра, грантови од 2 милијарди евра и поволни заеми од 4 милијарди евра.

Колку што е познато значтелна сума средства побара и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ како услов за подршка на уставните измени. Дали на ваквата понуда опозицијата ќе рече НЕ останува да се види.

За потсетување, со европската програма ИПАРД 3 Македонија добива уште 97 милиони евра за модернизација на земјоделството.

Ова е зголемување од 37 милиони евра споредено со програмата ИПАРД 2 и е прва земја која започнува со оваа програма.

Зачлени се на нашиот е-билтен