Легендарниот транс диџеј и продуцент познат како Гоа Гил почина на 72-годишна возраст во Калифорнија по неговата борба со рак.
Роденото име на Гоа Гил беше Гилбер Леви, а подоцна го смени во Махант Манагалананд Пури.
Соопштението за неговата смрт беше споделено на веб неговата веб страница: „Почитувана глобална заедница, зборовите се несоодветни за она што сакаме да го комуницираме со вас. Со тешко срце ја споделуваме со вас веста за Шри Махант Манагалан Пури познат како Гоа Гил, кој го напушти своето световно дело во удобностан а неговиот дом“.
Пораката, која дојде со повик на GoFundMe за обезбедување на „конечните трошоци“, исто така, наведе дека за Гил во последните денови се грижеле неговото семејство, верници и пријатели.
„Во последните денови Бабаџи сакаше да ја испрати својата љубов и благослов до сите и сакаше да им се заблагодари на сите за љубовта и поддршката што ја добиваше во текот на годините. Тој беше во мир и беше подготвен за своето понатамошно патување. Ви благодариме за почитта и поддршката во овој чувствителен период“.
Во февруари оваа година, Гил се пресели во Калифорнија за да се подложи на третман за високостепен Б-клеточен лимфом, започнувајќи со процес на хемотерапија во траење од четири и пол месеци и ги откажа сите настапи за 2023 година.
Практикувач на јога и психоделична култура цел живот, Гоа Гил е роден во Калифорнија и првпат беше дел од контракултурното, хипи движењето во шеесеттите години на западниот брег. На крајот се пресели во Амстердам, а потоа во Гоа, која беше рај за хипиците во осумдесеттите. Оттогаш, стилот на електронската музика на Гоа Гил придонесе за создавање на движењето Гоа транс, славно изведувајќи до 24 часовни сетови и туркајќи го психотрансот низ целиот свет, вклучително и Индија.
Гоа Гил имаше свој настап и во Скопје во 2005 година во Хавзипашините конаци во Бардовци, журка која траеше цели 10 часа.
(Трн)