Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Штракјот на УАВ во „Џенерал Моторс“ продолжува, склучен договор со Стелантис

 Обединети автомобилски работници (УАВ), моќниот синдикат на американската автоиндустрија, синоќа се предомисли и излезе да штрајкува во фабриката на „Џенерал Моторс“ во Тенеси, по повеќедневни преговори за финализација на нов работнички договор.

Повикот за нов штрајк дојде откако УАВ потврди дека е постигнат прелиминарен договор со Стелантис, која управува со Крајслер.

-Разочарани сме од акцијата на УАВ во светлина на направениот прогрес, соопштија од ЏМ.

-Разочарани сме од непотребните и неодговорни одбивања на ЏМ да се дојде до фер договор, изјави претседателот на УАВ Шон Фејн.

Штрајкот што започна на 15 септември е дел од тактиката на синдикатот на изненадувачки чекори и максимум одглас во јавноста и ги држи компаниите вон рамнотежа повеќе недели. Во УАВ членуваат речиси 400.000 активни членови, не само во автомобилскиот сектор туку и во производството на воздухоплови и земјоделието.

Повеќе од 13.000 работници на ЏМ продолжуваат со штрајкот. Преговорите меѓу лидери на компанијата и синдикатот се интензивираа во изминатите денови, на состаноците учествуваа Фејн и извршниот директор на ЏМ Мери Бара.

Синдикатот минатата недела склучи договор со Форд што вклучува 25 отсто зголемување на платата во текот на 4,5-годишен договор, 11 отсто повишица веднаш, индексација на платите зависно зголемените трошоци за живот, пензиски бенефиции и право на штрајк во случај на затворање на фабриката. Штрајкот во Форд веќе запре, а сличен прелиминарен договор е направен и со Стелантис.

-Уште еднаш го постигнавме она за што претходните недели ни кажуваа дека е невозможно. Посебно со Стелантоис, не само што обезбедуваме рекорден договор, туку почнавме да ја добиваме борбата за новите трендови на американската работничка класа, изјави Фејн.

Еден од најважните успеси на договорот со Стелантис е одлуката за повторно отворање на фабриката за склопување возила во Белвидере, Илионис. Лани во декември компанијата најави затворање на неодредено време на фабриката со 1.350 работници поради зголемени трошоци поврзани со преминот кон производство на електрични возила. Во оваа фабрика сега ќе биде вклучен и погон за производство на батерии.

Стелантис која е со седиште во Холандија и во 2021 година во неа се слеа „Фиат Крајслер Автомобили“, во САД сега има околу 43.000 работници, членови на УАВ. 

Зачлени се на нашиот е-билтен