Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Завршува фестивалот на македонски музички уметници „Златна лира“

Трио Аура

Со концерт на Даниел Апостолов (фагот) и Дарко Мариновски (пијано), вечер од 20 часот во Музејот на македонската борба ќе заврши годинашниот фестивал на македонски музички уметници „Златна лира“.

На затворањето на фестивалот ќе биде доделена и наградата „Златна лира“ која Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ) ја доделува за врвни уметнички достигнувања во изминатата година. За 2022 година, наградата му се доделува на триото „Аура“, во состав: Страшо Темков (флејта), Марјан Милошевски (фагот) и Ана Гацева (пијано).

Флејтистот Темков, пијанистката Гацева и фаготистот Милошевски се професори на Факултетот за музичка уметност во Скопје, имаат реализирано многубројни рецитали како солисти и камерни музичари во повеќе земји во светот и добиваат позитивни оценки.

-Критиката ги нарекува „мајстори на својот инструмент“, а поради забележителните концерти на покана на реномирани меѓународни фестивали несомнено се вбројуваат меѓу најдобрите и најактивните музички изведувачи во Македонија, соопшти СМУМ – организатор на фестивалот „Златна лира“.

На завршниот концерт, на кој ќе настапат фаготистот Даниел Апостолов и пијанистот Дарко Мариновски, ќе бидат изведени дела од Кехлин, Борн, Нусио и Вебер.

Зачлени се на нашиот е-билтен