Министерството за култура објави конкурс за доделување месечни надоместоци на самостојните уметници за 2024 година.
За да го стимулира и помогне уметничкото творештво на самостојните уметници, Министерството за култура за 2024 година ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Северна Македонија, како месечни надоместоци на самостојните уметници, за придонесите за здравствено, пензиско и инвалидско осигурување и за данокот на личен доход на самостојните уметници.
Повеќе информации и упатства за заинтересираните апликанти може да најдете на следниот ЛИНК.