Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Христина Зафировска со ликовната изложба “Циклус 19 II” во Њујорк

Во соработка со КИЦ-Македонскиот Културно информативен центар во Њујорк, и Министерството за култура кои го поддржуваат проектот, на 2 ноември (четврток) во 18:00 часот, во MC галеријата во Њујорк, ќе се отвори ликовната изложба насловена “Циклус 19 II” на академската уметница Христина Зафировска.

Христина Зафировска, преку своите дела, на апстрактен и сликовит начин го прикажува реалното и невидливото со голо око, поттикната од промените на животниот тек, настанати од пандемијата. Серијалот го интерпретира биолошкиот процес од една страна, кружниот строеж на вирусот, неговото создавање, виреење, проширување и пренесување, а од друга страна, преку визуелно прикажаниот регенеративен процес, делата ја претставуваат „последицата“ и процесот на физичко и ментално обновување настанато поради периодот на принудната изолација. Во делата комбинира повеќе начини на изразност – објекти со поп-артистички колористички изведби, плошни решенија, каде што дводимензионалноста на геометриските форми и поединечните секвенци стануваат целини.

Реализирала повеќе индивидуални проекти, во кои се обработуваат теми како што се: зачеток на создавањето, меѓучовечки односи, подобрување на правата и третманот на жените во општеството и принудната изолација. Проектите се презентирани во Германија, Франција, Бугарија, Турција и во повеќето градови во земјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен