Поранешиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски реагираше на социјалните мрежи по вчерашниот скандал на телевизијата „Канал 5“, кога директорот на телевизијата Иван Мирчевски се вклучи во живо во емисијата „Само вистина“ за да го отстрани гостинот Исмет Рамадани.
„Канал 5 Тв поставува нови стандарди во македонското новинарство. Добро би било и да истепаат некој гостин наредниот пат.
Ваков примитивизам во 30 години демократија немаме видено, а мислам дека и во светското новинарство нема ваков преседан.
На ваква агресија уште пак и аплаузи да не се замерат со Канал 5.
ГОЛЕМ срам за македонското новинарство.“