Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Локални избори во Молдавија

– Граѓаните на Молдавија денеска гласаат за нови градоначалници. Избирачките места се отворени од седум до 21 часот по локално време.

Локалните избори ќе бидат важен тест за курсот на претседателката Маја Санду, особено во помалите градови и села. Таа во 2020 година таа извојува убедлива победа на претседателските избори.

Санду во телевизиското обраќање до гласачите во петокот вечерта повика на висок одѕив на гласачите, како одобрување на проевропскиот курс на поранешната советска република.

– Благодарение на вашиот глас, Молдавија има шанса да стане членка на европското семејство. Не дозволувајте нашите села да паднат во рацете на крадци, истакна Санду.

Претходно, Санду ја обвини Русија дека купува гласови преку „криминални организации“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен