Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси од култура за 2024 година

Министерството за култура во денешното соопштение известува дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2024 година се продолжува до 8 ноември (среда), до 23:59 часот.  

-Нагласуваме дека во последните 24 часа пристигнаа над 800 пријави и апелираме да не се чека последниот момент за да избегнеме попречување во аплицирањето од технички аспект, велат од министерството.  

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk.

Зачлени се на нашиот е-билтен