Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Заедно ќе се бориме и со дезинформациите и со предизвиците за интегрирање на Северна Македонија во ЕУ

Заедно ќе се бориме со дезинформациите и со предизвиците што претставуваат целосно интегрирање на Република Северна Македонија во Европската Унија, истакна министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на интернационалната научна конференција „Ситуацијата се влошува и на исток и на југ? Предизвици за безбедноста и стабилноста во Европа“ што се одржа во Битола.

Конференцијата ја организираат Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и Универзитетот во Варшава, и тоа според Костадиновска-Стојчевска е потврда за високото ниво на соработка.

– Оваа меѓународна конференција претставува уште една потврда за високото ниво на соработка што го имаме не само на политичко ниво туку и на академско ниво со Центарот за Европа на Варшавскиот универзитет. Оваа конференција има цел студентите и сите учесници да слушнат за тоа што значи кога работиме заедно, како се соочуваме со предизвиците заедно и дека ниту една држава, без разлика дали е полноправна членка на Европската Унија или се стреми да биде членка на Европската Унија како овој процес што ние го одиме како држава, не е сама во тој процес и заедно ќе се бориме и со дезинформациите и со предизвиците што претставуваат целосно интегрирање на Република Северна Македонија во Европската Унија, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Во своето обраќање пред академскиот аудиториум од Северна Македонија и Полска, ректорот на УКЛО-Битола, Игор Неделковски оцени дека голема е улогата на академската заедница во кризни ситуации што се случуваат во светот.

– Зборуваме за турбуленциите или попрецизно вриењата во однос на безбедносната состојба во светот, бидејќи врие на Исток, а врие и на Југот од светот, односно на исток е конфликтот во Украина, а на југ, конфликтот во Израел. Варшавскиот Универзитет како голем универзитет го вклучи УКЛО како партнер што може на вака значајна конференција да дискутира и да понуди решенија за справување со актуелните конфликти во светот. Очекувам, рече ректорот Неделковски, научните и стручни трудови на експертската група да и овозможат да создаде важни заклучоци кои подоцна ќе ги дистрибуираме како вкрстени мислења и предлози до доносителите на одлуки.

Меѓународната конференција во Битола се одржа со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Полска. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен