Следните месеци со сигурност ќе бидат моменти за дефинирање на глобалниот мир и иднината на светот и на безбедноста и глобалниот кредибилитет на Европската Унија, порача денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел во воденото обраќање на петдневната Годишна конференција на евроамбасадорите во Брисел.
– Јасно е дека живееме во тешки времиња. Кога пред речиси два години го презентирав Стратешкиот компас, реков дека Европа е во опасност, а тоа беше пред почетокот на руската агресивна војна во Украина, пред актуелните главни кризи во регионот на Сахел и пред избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Палестина, рече Борел.
Тој додаде дека не може да се сети дека некогаш Европа се соочувала со вакви големи предизвици и кога имало ваков раст на насилството и разочарувањето, кои заедно со климатската и еколошката криза ги зголемуваат безбедносните ризици и за регионот и за земјите од европското соседство.
– Се повеќе живееме во свет на зголемена мултиполарност. Мултиполарноста не се согледува само во воените капацитети и богатството, не само во економската моќ, туку и во способноста за размислување за поинакви пристапи… A ние сме еден од регионалните факторите. Не сме воена сила, воен сојуз, не сме ниту ни држава, но сме многу повеќе од регионална сила во овој свет во кој секој се обидува да игра со секого и нема јасен консензус за вредности. Ова е поделен свет, додаде Борел.
Според него, најдоброто решение против политиките на сили е мултилатерализмот и Европејците мора да работата на негова обнова.
– Сегашната трагедија на Блискиот Исток е резултат на колективниот политички и морален неуспех, за кој висока цена плаќаат израелскиот и палестинскиот народ, рече Борел, додавајќи дека тој неуспех е резултат на непостоењето политичка волја за решавање на израелско-палестинскиот проблем.
Тој истакна дека меѓународната заедница формално го поддржа решението на проблемот со моделот на создавање две држави, но практично не направи ништо кредибилно за негово реализирање.
– Израелско-палестинскиот конфликт во суштината не е верски или етнички, туку тоа е национален проблем. Тоа е проблем на два народи кои имаат еднакво право да живеат на иста земја и мора да ја делат таа земја, додаде Борел.
Според него, мислењето на Западот дека нормализацијата на односите меѓу Израел и арапските земји ќе го реши проблемот меѓу Израелците и Палестинците се покажало како заблуда. Тој нагласи дека сегашното насилство на Блискиот Исток не е само израелско-арапски конфликт, туку може да прерасне во верска и цивилизациска борба.
Борел нагласи дека ниту една воена операција не може да биде целосно успешна ако зад неа не стои политичко решение, потенцирајќи дека при таквите воени акции мора да се води сметка за почитување на меѓународното хуманитарно право и да се заштитат цивилите.
– Европа има морална и политичка одговорност да се инволвира, не само со доставување на помош, туку и со понуда на одржливо решение, што не е можно без прекин на насилството, додаде Борел.
Според него, најдобар совет што пријателите можат да му го дадат на Израел е да не биде заслепен од гневот, бидејќи нема воено решение за конфликтот, туку мора да се најде политичко решение, затоа што и Хамас да биде протеран од Газа, тоа нема да го реши проблемот на Западниот Брег.
Тој истакна дека за Европа се неприфатливи антисемитизмот и антиисламизот и таа мора да се залага за почитување на меѓународното хуманитарно право и да работи на доставување на хуманитарна поддршка и за сеопфатно решение за конфликтот во соработка со партнерите
– Ова е последна шанса за решението со две држави. Ако не успееме со тоа, ќе влеземе во спиралата на насилство и меѓусебна одмазда со генерации. Тоа мора да биде најважен геополитички предизвик за нас, истакна Борел.
Тој потенцира дека Блискиот Исток не е единствениот голем предизвик за ЕУ, бидејќи тука е и војната на Украина против руската агресија.
– Ако изгуби Украина, губиме и ние. Затоа мора да го задржиме нашето единство во поддршката на Украина… за да ја поврати контролата на својата територија, истакна Борел.
Според него, Русија е спремна на големи жртви неводејќи смета за бројот на загинати и уништената опрема, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин, како некогаш советскиот лидер Јосиф Сталин поаѓа од премисата дека квантитетот е извор квалитетот.
Високиот претставник на ЕУ порача дека иако војните меѓу Израел и Хамас и во Украина се различни сепак, но кризата на Блискиот Исток се одразува врз политика кон на Киев и многу земји надвор од т.н. Глобален југ на украинската војна гледаат како на регионален проблем кој ги засега Европа и САД, односно западен проблем.
– Ние сме чувари на глобалните заеднички вредност базирани на Повелбата на ОН, секаде и во секое време. Тоа е нашата порака. Ова не е Западот против останатите. Тоа се вредностите на Повелбата на ОН кои се најдобра основа на мултилатерлизмот, потенцира Борел, додавајќи дека
заврши периодот на доминацијата на Западот во светот.
Тој порача дека Украина треба да добие кандидатски статус за членство во ЕУ, со што би можела и да ги потурне сегашните кандидати што чекаат со години да се придвижат побрзо кон Унијата.
– Мора да продолжиме да работиме на проширувањето кое е можеби најважно прашање во нашата надворешна политика. Во меѓу време мора да се развие Европската политичката заедница, истакна Борел.
Тој се осврна и на прашањето поврзано со кинескиот подем, нагласувајќи дека ЕУ и Кина се ривали, но не се непријатели, иако имаат различни општествено политички системи. Според него, Пекинг не може да очекува слободен пристап на европскиот пазар, во услови кога компаниите од ЕУ се соочуваат со проблеми во работењето во Кина.
– Не сме протекционисти, но можеби мора да се штитиме себе си. Ако Кина не се отвори, можеби ние ќе треба да се затвориме, изјави Борел, додавајќи дека сепак борбата против климатските промени не е можна без соработка со Кина и затоа мора да се разговара со неа.
Борел потенцира дека во услови кога 25 отсто од глобалните емисии на штети гасови во светот потекнуваат од Унијата, не може да се очекува ист придонес против климатските проблеми од државите во Африка или Јужна Америка, чии емисии се по три проценти и кои имаат други предизвици, како што е недостигот на храна.
– За 25 години, 25 проценти од глобалното население ќе живее во Африка. Тие се младинска бомба. Младите во Африка не сакаат да бидат проблем, сакаат можности. Африка не е само земја на мизерија, миграција и војни, таму се некои од земјите со најбрзорастечки економии и затоа мора да соработуваме со нив, нагласи Борел во обраќањето на Конференцијата на амбасИзвор
Извор (МИА)