Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Затворената иранска нобеловка Наргес Мохамади почна штрајк со глад

Иранската опозициска активистка за човекови права и годинашна добитничка на Нобеловата награда за мир Наргес Мохамади почна штрајк со глад во затворот во Иран во знак на протест поради ограничувањата на медицинската нега за неа и другите затвореници и обврската жените да носат хиџаб во Исламската Република, соопшти нејзиното семејство.

„Наргес Мохамади денеска преку порака од затворот Евин го известила своето семејство дека пред неколку часа почнала штрајк со глад. Загрижени сме за физичката состојба и здравјето на Наргес Мохамади“, се наведува во соопштението на нејзиното семејство, пренесе „Тајмс оф Израел“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново