Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Енергетски експерти лицемерно против проектот Чебрен, иако цел животен век го промовирале

Хидроцентралата Чебрен е со огромно значење за енергетскиот сектор во земјава и е проект кој гарантира енергетска стабилност на долг рок. По повеќе од 30 години, оваа година Владата конечно успеа да потпише договор и донесе одлука за реализација на овој проект.

Грчката компнанија Пи Пи Си и Архиродон груп ќе ја гради централата и ќе поседува 2/3 од капиталот, додека останатите 33 проценти ќе бидат во сопственост на државата, преку државните електрани ЕСМ. Огромниот и значаен проект ќе чини близу една милијарда евра, а предвидено е да се гради седум години.

Иако со него се овозможува во иднина да го намалуваме производството на електрична енергија од јаглен и да гарантираме енергетска стабилност, сепак одредени енергетски експерти се лицемерно против.

Константин Димитров од МАЦЕФ, во 2016 година кога беше распишан 12тиот тендер за Чебрен, имаше пофални зборови за огласот со кој се бараше компанија за јавно-приватно партнерство или концесија и дури беше задоволен што големи кинески компании биле заинтересирани за инвестирање.

Тој повик беше неуспешен, а откако владата сега конечно спроведе успешен тендер и по 30 години ќе се гради хидроцентралата Чебрен, експертите критикуваат зошто таа се гради со јавно-приватно партнерство.

Сега, за Димитров, е проблем што државата не ја гради сама хидроцентралата, туку влегла во партнерство со грчката комапнија. Тој сега смета дека Чебрен требало да биде изградена со македонски, државни пари, иако пред само седум години беше задоволен што повикот е отворен за странски гиганти кои ќе инвестираат.

Хидроелектраната Чебрен ќе има двојна функција – за производство на струја и режим на пумпање и враќање на водата назад, со што на Црна Река, во близина на селото Манастир во мариовската област, предвидено е ново вештачко езеро, најголемо во земјава.

Оваа централа на земјава ќе ѝ обезбеди 333 мегавати базна енергија, што е половина од капацитетот на РЕК Битола, но за разлика од оваа термоелектрана, енергијата која што ќе се добива од Чебрен е чиста и не загадува.

Најново