Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Околу 100 патници на брод за крстарење се повредени во невремето во близина на Шпанија

 Околу 100 патници на брод за крстарење „Спирит оф дискавери“ (Spirit of Discovery) се повредени во невреме во близина на брегот на Шпанија, соопшти денеска британската компанија „Сага крусис“ (Saga Cruises).

Поголемиот број од патниците се здобиле со полесни повреди, а на петмина им била пружена медицинска помош на бродот.

На бродот имало околу 1.000 патници, кои биле на 14-дневно патување до Канарски Острови. Застанувањето во Лас Палмас претходно беше откажано, а екипажот имаше намера да се закотви на пристаништето Ла Коруња, кое беше затворено поради лошите временски услови.

Последователно, екипажот одлучи да се врати во Обединетото Кралство и наиде на бура во Бискајски Залив. Бродот до пристаништето Портсмут пристигна синоќа. 

Зачлени се на нашиот е-билтен