Оливер Фрљиќ со „Браќа Карамазови“ на Загрепскиот театар на младите вечерва на МОТ

По успешното фестивалско отворање со претставата „Декамерон“ на Мартин Кочовски во изведба на Народниот театар од Прилеп, вечерва програмата на МОТ 2023 продолжува со „Браќа Карамазови“ на Загрепскиот театар на младите, во режија на Оливер Фрлиќ.

Среќните и несреќните семејства на Толстој, видени низ призмата на суровиот реализам на Достоевски, е дело кое е како порачано за наградуваниот режисер Оливер Фрљиќ.

По девет години тој се враќа на сцената на ЗКМ (Zagrebačko kazalište mladih) во Загреб и ја прави оваа современа обработка на рускиот класик, Браќа Карамазови, која е во форма на двојна претстава. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски.

Ако публиката гледа само еден дел од претставата, ќе добие заокружена, но делумна приказна. Може да ги гледаат и двата дела и да добијат целосна слика од оваа комплексна линија на дејството поради која овој роман се смета за најцеловитото дело на Достоевски.

Двојноста најдобро е прикажана преку огледалноста на одредени ликови и нивните меѓусебни односи, но и преку сценографските и костимографските решенија, а и кастингот, со кој некои актери играат повеќе ликови, кои меѓусебно се надополнуваат. Иако досегашните сценски адаптации се држеа подалеку од односот на Аљоша и момчињата од пониските социјални слоеви, во обработката на Фрљиќ тој добива еднакво внимание како и главната линија за браќата Карамазови и нивниот татко.

Првиот дел на претставата на популарниот театар Зе-ка-ем е насловен „Сите среќни семејства се среќни на ист начин“, а вториот дел „Сите несреќни семејства се несреќни на свој начин“.

Во претставата играат Уго Корани, Дадо Ќосиќ, Адриан Пездирц, Јерко Марчиќ, Линда Бегоња, Катарина Бистровиќ Дарваш, Данијел Лјубоја, Матео Видек, Милица Манојловиќ, Миливој Беадер, Иван Пашалиќ, Хрвојка Беговиќ, Петра Свртан, Рок Јуричиќ.

Драматургија: Нина Гојиќ; Сценографија: Игор Паушка; Костимографија: Здравка Ивандија Киригин; Сценски движења: Дина Екштајн; Музички избор: Оливер Фрљиќ; Дизајн на светло: Марино Франкола; Асистент на режија: Александар Швабиќ; Асистент на драматургија и сценски движења: Ана Јаворан; Асистент на драматургија: Карла Месек, Антонела Тошиќ; Асистент на костимографија: Тина Спахија, Реа Јањиќ; Инспициент: Дина Екштајн

Претставата се игра на сцената на НОБ. Првиот дел започнува во 19 часот, а вториот во 22 часот.

Зачлени се на нашиот е-билтен