Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Индипендент: Велика Британија со над 1,5 милиона фунти ќе го модернизира албанскиот затворски систем

Триесет и седум минибуси и електрични возила ќе и бидат доделени на Албанија од страна на британската Влада, во вредност од над 1,5 милиона фунти, како дел од неодамнешниот договор за враќање на осудени Албанци од британските во албанските затвори, пишува британски „Индипендент”, јави агенцијата Балканвеб.

Договорот предвидува 200 албански државјани, кои издржуваат затворска казна во Англија и Велс, да бидат вратени дома на доиздржување на казната.

„За возврат, владата ќе помогне да се модернизира албанскиот затворски систем. Договорот се очекува да го чини Министерството за правда околу осум милиони фунти во текот на две години, а дополнителното финансирање доаѓа од Министерството за внатрешни работи. Официјалните лица тврдат дека ова претставува заштеда на трошоците, укажувајќи на фактот дека 40.000 фунти годишно чини сместувањето на секој затвореник во Велика Британија“, наведува весникот „Индепендент“,

Повикувајќи се на новите детали од владините договори, објавени овој месец весникот наведува дека „дел од мултимилионскиот договор е за опремување на албанската затворска служба со нов возен парк“.

Весникот додава дека околу 500.000 фунти ќе бидат потрошени за 15 електрични возила, додека за 22 нови минибуси кои ќе бидат обезбедени за албанската затворска служба ќе чинат над милион фунти.

Врз основа на договорот од британските во албанските затвори, каде има над две илјади затвореници албански државјани, ќе бидат трансферирани 200, а се осудени за тешки кривични дела, вклучувајќи убиства, разбојништва, силувања, шверц со дрога, кои се на возраст од 24 до 49 години и се осудени по најмалку 30 години затвор.

Зачлени се на нашиот е-билтен