Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Жмиц се жени

Значи до сега покажуваше НЕ за ЕУ, сега и ЈАСНО НИ ГО КАЖА. И тоа, без разлика на фактот што ЕУ е најважната и последна стратешка цел на државата во овој момент!

Пишува: Ана ЧУПЕСКА

Го кажа судбоносното ДА.

Дали конечно Жмиц, се смилува јасно да ни го покаже правецот во кој сака да го кормилари бродот ? Дали ?!

Фала богу: ДА! Конечно, го кажа толку долго очекуваното ДА.

Со години наназад во своите поетски читања сЕ знаеше да каже; сЕ знaеше ѓоа “да предвиди”; на сЕ имаше одговор освен на едно прашање: Што ќе понуди како Решение на блокираните евроинтеграции?

Слично, на прашањата за тоа дали ова сегашново ВМРО-ДПМНЕ , воопшто тежнее кон европските вредности кои ги напишале во програмата, вешто избегнуваше одговори. Истовремено, секоја прилика ја користеше за контрапродуктивни дејствија (блокирања) на нашиот ЕУ пат.

Ама тогаш верглаше НЕ, НЕ, НЕ!

За тоа како планира да ги продолжи нашите чекори за доближување на државата кон ЕУ, ширеше лажни вести за ” бугарски диктат ”? Уште ги шири…

За тоа дали има друг план освен ЕУ, исто така не даваше конкретен одговор. Па, ние се занесувавме дека сепак ќе му проработи совеста. Во право е Тричко што вели дека последната шанса за помирување лежеше во Уставните измени. После ова нема назад, другарчиња.

Денес, одговорот јасно може да го проектираме согласно политичките вредности кои ВМРО-ДПМНЕ јавно и јасно ги искажува.

Значи, мили мои, добро слушнавме во едно интервју, имено дека ВМРО-ДПМНЕ несака и нема да биде дел од ЕУ доколку “немаат исти вредности”.

Пази богати, ЕУ да се прилагоди на вредностите на ВмроДпмне?

Ако не, нема ЕУ!

Каква храброст, човече! Џизс Крајст!

Значи до сега покажуваше НЕ за ЕУ, сега и ЈАСНО НИ ГО КАЖА. И тоа, без разлика на фактот што ЕУ е најважната и последна стратешка цел на државата во овој момент!

Затоа, сега ние сите што сакаме ЕУ, мора уште веднаш да ја прифатиме реалноста дека искажаниот став “никогаш – не вели никогаш” за коалицијата со Левица (ова јавно го кажа лидерот на партијата Христијан Мицкоски), има статус на ДА !

Значи НЕ за ЕУ, ДА за Соленка!

И спротивно, за него, неприфатливо е да имаме премиер Албанец;

Значи:

Статус НЕ за соживот и косоцијативност.

Статус ДА за етноцентризам и за националшовинизам

Статус НЕ за ЕУ,

Статус ДА за ДимеКрмак што сака ломача,

Статус НЕ,за мултикултурна и етнокултурна правда во земјава.

Статус ДА, за авторитаризам.

Го изговори Жмиц, судбоносното ДА ( на долгогодишниот партнер Соленка), конечно после толку тантруми и НЕ! НЕ! НЕ! спрема ЕУ.

Но, како во овој брак од интерес ќе се помират различните програмски определби на овие два партнерски субјекти. Во Програмата на едните пишува дека се за ЕУ, а на другите дека се Анти-НАТО ? Иако станува збор за различни ентитети, сепак, ЕУ и НАТО споделуваат еден ист вредносен (и особено безбедносен, во последно време) простор. Што ли ќе биде catchy лепило, за овие брачни сопружници?
Несомнено, прво, авторитаризмот ( кој имавме прилика да го живееме 10-тина години со Грујо), а со Левица гледаме дека може да се пушти дури и на појако, hard core, а особено со оглед на тоа каков однос манифестира спрема животот како таков. Со реторика од среден век/мрачен век и палење на клада; несомнено жедна за крв; и второ, етноцентризмот, фобиите и параноите поврзани со тоа. Следствено, од ова судбоносно ДА, предвидливо е да очекуваме и поттикнување на меѓуетничка нетрпеливост, но, и меѓу-македонско сеење на зла крв, до размери опасни за сите нас, само не и опасни за “трети страни”! Треба да очекуваме, и тоа дека и преку разно разни егзибиции, стварно, ама најстварно, ќе го доведат во прашање отпочнувањето на пристапните преговори, а не би се изненадила и да го доведат во прашање и нашето членство во НАТО? Конечно, дали тоа значи отворено кокетирање кон Русија, Евроазија, БРИКС, и остали будалаштини??! Се разбира дека , ДА. Ако грешам тогаш и ВМРО-ДПМНЕ и Левица ЛАЖАТ.

Но, ние што сме за ЕУ, без разика на сЕ, треба да сме среќни, што конечно “ќе се земат” со Соленка, им рекоа ДА, и со тоа не соочија со својата јасна и пред се заедничка и идентична позиција. (игнорирајте го тоа што ветуваат по Амбасадите, ќе смислат они нови лажги со опашки).

Ние, пак, што баравме СТАВ ,и ете ни го… Што сакаме повеќе ? Што не е јасно тука ?
Сега, на нас останува да се адаптираме на овие ЈАСНИ ко бел ден, околности, во кои несомнено ќе има јаки предизвици.

И, ако порано велевме” Можеме”, сега нема баш да можеме, туку ЌЕ МОРАМЕ, да ја изведеме државата на вистински пат, под налетот на компромитираната и страсната љубов и поврзаните со неа pasion crimes на младенците. Нека им е вечна љубовта. (Либертас)

Зачлени се на нашиот е-билтен