„Важно е ние како здравствени власти да испратиме точни и јасни инфомрации до нашите граѓани за машкото и женско здравје – како да ги препознаат симтомите и да побараат помош’’, истакна заменик-министерката за здравство д-р Маја Манолева во „Студио 10’’ на ТВ 24.
Д-р Манолева ја истака главната поента на трибините коишто се организираат ширум државата со цел да се информираат граѓаните и како да се превенираат болестите и за двата пола и посебно го стави акцентот на скриниг програмата – комплетната партиципација е покриена од страна на министерството за здравсто.
Заменик министерката за здравство Маја Манолева рече дека се набавиле нови дигирални мамографи од страна на Владата предводена од страна на СДСМ и Министерство за здравсто – кои ќе бидат достапни и во поголемите центри во државата
„Превенцијата е важна и раното откривање на многу болести е клучно – заради тоа и ги органзираме и трибините со цел да се направи апел до сите наши граѓани да се јават на преглед’’ – рече Манолева.
„Владата предводена од страна на СДСМ заедно со Министерство за здравство – обезбедија 13,9 милиони евра за набавка на лекот „трикафта’’ за пациентите со цистична фиброза – со што министерството за здравство изминатиот период изработи усогласени протоколи со светските протолки – како да се лекуваат пациените со цистична фиброза. Да се стигне до ова требаше да се направат измени во законот на начинот на набавка за лекот – се е подготовено и периодот кој следи ќе донесе позитивна промена’’ – истакна заменик министерката за здравство.
Д-р Манолева ја посочи генерално проблематиката со којашто се соочува државата а тоа е недостигот на медицински кадар. Таа истакна дека во споредба со пред 10 години, моментално на специјализација од јавните здравствени установи од државата се пратени 1300 лекари на специјализација а пред десетина години биле пратени само 430 специјализанти.
„Владата предводена од СДСМ, обезбеди и плати за приватните специјализации и двојно зголемени дежурства за здравствените работници. Во перодот од Март 2023 имавме многукратно зголемување на платите во здравствениот сенктор’’ – рече д-р Манолева’’
Д-р Манолева посочи дека оваа недела се одржува најголемиот самит ОБСЕ во нашата држава и тоа не значи дека нема да се обезбедуваат здравствени усуги за нашите граѓани – здравствените работници ќе си ја извршуваат својата работа и граѓаните ќе ги добијат потребните услуги.
„Владата предводена од страна на СДСМ се труди да овозможи доволен стимул за македонските лекари да останат и да работат за нашите граѓани и нашата државата’’ – истака заменик министерката за здравство д-р Маја Манолева.