Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски на средба со американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања О’Брајан

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателите на партијата Тимчо Муцунски и Владо Мисајловски остварил средба со помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’Брајан, соопштуваат од ВМРО ДПМНЕ.

На средбата, како што се наведува во партиското соопштение, соговорниците ги потврдиле добрите односи и потребата за искористување на придобивките од стратешкото партнерство со САД.

Мицкоски истакнал дека освен членството во Европската Унија, стратешки интерес на државата е и заштита на националните и идентитетските обележја на македонскиот народ и на Македонија.

Од страна на Мицкоски била афирмирана и потребата за сериозна борба против корупцијата и криминалот и неопходноста од системски реформи кои ќе го подобрат стандардот на државата.

Соговорниците се осврнале и на повеќе прашања од регионално значење.

Зачлени се на нашиот е-билтен