Истражувањето нарачано од Европскиот парламент во пресрет на претстојните европски избори покажа дека повеќе од 70 отсто од граѓаните сметаат дека „членството на нивната земја во ЕУ е корисно“.
Испитаниците наведоа бројни причини, но најчеста причина е тоа што ЕУ го одржува мирот и ја подобрува соработката меѓу земјите.
„Резултатите од истражувањето покажаа дека имиџот на ЕУ меѓу граѓаните е стабилен од март 2023 година со 45 отсто од оние кои имаат позитивен имиџ, 38 отсто имаат неутрален став, а 16 отсто имаат негативен став“, се наведува во заклучокот на денеска објавениот извештај.
Кога станува збор за нивниот интерес за гласање на европските избори следната година, 68 отсто од испитаниците потврдиле дека најверојатно ќе гласаат, што е за пет процентни поени повеќе од пред пет години.
„Повеќе граѓани се заинтересирани за европските избори во 2024 година отколку за тие во 2019 година и најавуваат дека ќе гласаат“, се наведува во извештајот, но се сугерира дека односот кон економијата е понегативен кај мнозинството Европејци кои очекуваат пад на животниот стандард следната година.