Амбасадорката Дир се заблагодари на Дерала и Андоновски за учеството на Меѓународната конференција „Слобода или страв“

Украинската амбасадорка Лариса Дир, во објава на социјалните мрежи им се заблагодарува на претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски за нивното учество на Меѓународната конференција „Слобода или страв“ што се одржува во Кијив, Украина.

„Голема благодарност до Џабир Дерала и Јoван Андоновски, кои учествуваат на Меѓународната конференција „Слобода или страв“, посветена на 75-тата годишнина од усвојувањето на Универзалната декларација за човекови права, што се одржува во Кијив на 7 декември“, пишува во објавата на Х, амбасадорката Дир.

Во Кијив, Украина, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „Слобода или страв“.

На конференцијата ќе бидат учесници високи политички претставници од ЕУ, кои ќе се обратат со свои говори во текот на дводневната конференција. Учествуваат и двајца претставници од Северна Македонија, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик омбудсманот Јован Андоновски. (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен