Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Рабије Мурати и Антонио Митриќески добитници на државната награда „Св. Климент Охридски“

Државната награда „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на воспитанието и образованието денеска ѝ беше доделена на проф. д-р Рабије Мурати, универзитетски професор, а за остварување во областа на културата и уметноста на филмскиот режисер Антонио Митриќески.

Наградите во Собранието на Република Северна Македонија ги додели Томислав Османли, претседател на Одборот за државната награда „Св. Климент Охридски“.

– Силно верувам дека образованието, науката и уметноста може да инспиририраат и да ги поттикнат луѓето да прават големи работи, заради тоа, се надевам дека еден ден во нашата земја ќе се отвори подлабока релација за вклучување на образованието, науката и уметноста, рече Митриќески, заблагодарувајќи се за наградата.

Тој истакна дека е длабоко убеден дека оваа награда ги обврзува нив како добитници да дадат уште поголем придонес и да ги поттикнат идните генерации да останат во земјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен