Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Проширувањето, Украина, Блискиот Исток и ревизијата на европскиот буџет, главни теми на Самитот на ЕУ

Политиката на проширување на ЕУ, вклучително и процесот на стабилизација и асоцијација, најновите случувања со руската агресија врз Украина и континуираната поддршка на Унијата за земјата и украинскиот народ, ситуацијата на Блискиот Исток и предложената ревизија на повеќегодишната финансиска рамка за периодот 2021-2027 година, ќе бидат главни теми на дводневниот Самит на ЕУ што почнува денеска во Брисел.  

Дополнително, како што јави дописникот на МИА од Брисел, лидерите на ЕУ ќе направат преглед за напредокот во спроведувањето на претходните заклучоци поврзани за безбедноста и одбраната и ќе дадат дополнителни насоки во тој сектор, а ќе дискутираат и за конкретни прашања поврзани со надворешната политика на Унијата.  

Во поканата упатена до шефовите на држави или влади на земјите членки на ЕУ за учество на Самитот, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел посочува дека стартот на руската инвазија врз Украина на 24 февруари 2022 година означи пресвртница во историјата на Европа, потсетувајќи дека од избувнувањето на војната Унијата донесе голем број одлуки без преседан за поддршка на Украина и зајакнување на суверенитетот на Европа.   

– Деветнаесет месеци подоцна, повторно се соочуваме со потребата да донесеме храбри одлуки. Тие бараат нашата колективна сила и решителност, и смелост да ги направиме вистинските избори. Треба да ги исполниме нашите заложби за Украина и да продолжиме да бидеме сигурен и силен партнер. Мора да и обезбедиме на Украина континуирана и одржлива политичка, финансиска и воена поддршка и особено да постигнеме договор за обезбедување 50 милијарди евра за нејзината долгорочна стабилност. Ние, исто така, треба да се согласиме да ги отвориме пристапните преговори со Украина, а со тоа да и дадеме неопходен сигнал и да ја доближиме до нашето европско семејство, наведува Мишел.  

Според него, лидерите ќе треба да донесат и „значајни одлуки“ за другите аспиранти за членство во ЕУ, додека паралелно Унијата работи на тоа да се прилагоди за иднината и да биде подготвена за прием на нови членки.  

Тој натаму нагласува дека новите предизвици носат и нови обврски и во тој правец е и ревизијата на Повеќегодишната финансиска рамка на ЕУ.   

– Добро ги забележав сите ваши грижи и приоритети и дадов предлог со кој се бара усогласување на различните позиции. Како и за секое компромисно решение, апелирам на вашата подготвеност да изградите компромис заради единството. Постигнувањето консензус навистина ќе бара решителен заеднички напор и силна политичка посветеност од сите вас, наведува Мишел во поканата.  

Во однос на безбедноста и одбраната, според Мишел, ЕУ треба да продолжи да ја спроведува својата амбиција за градење посилна геополитичка унија, давајќи насоки за клучните аспекти на работа и надградба на Версајската декларација и Стратешкиот компас.   

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска  ќе престојува во работна посета на Северна Македонија, каде ќе има средби со високи претставници на земјава, на кои се очекува да се разг

– Треба да се направи повеќе за брзо исполнување на целите на Унијата за зголемување на одбранбената подготвеност. Мора да работиме и на создавање внатрешен пазар за одбрана, што е од клучно значење за зајакнување на нашата Унија во оваа област, потенцира претседателот на Советот на ЕУ.  

Тој натаму се осврнува и на случувањата на Блискиот Исток, при што нагласува дека ЕУ мора да повика на ослободување на сите заложници и енергично да се справи со алармантната хуманитарна ситуација во Газа.   

– Мораме да бидеме силни во поддршката на правото на Израел да постои и да се брани од Хамас, како и недвосмислено да го браниме меѓународното право и меѓународното хуманитарно право. Нашата поширока рефлексија ќе вклучува работа кон безбедноста и стабилноста во регионот и изгледите за траен мир заснован на решението за две држави, вели Мишел во поканата.  

Според него, лидерите на ЕУ треба да се осврнат и на сите форми на омраза, антисемитизам, нетолеранција, расизам и ксенофобија, вклучително и антиисламските манифестации.  

– Пред нас е клучен Европски совет. Сега е време за одлучување. Ве повикувам сите да дојдете со дух на компромис, со чувство на колективна одговорност и со интересите и вредностите на Унијата во преден план, додава Мишел.  

Во пресрет на средбата на врвот на Унијата, вчера во Брисел се одржа и Самитот ЕУ-Западен Балкан, на кој учествуваше и премиерот Димитар Ковачевски, придружуван од вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.   

Главни теми на овој Самит беа зајакнувањето на политичкиот ангажман на Унијата со земјите од регионот, доближувањето на овие држави до ЕУ со нивна на постепената интеграција и поставувањето основи за економски раст, ублажувањето на последиците од руската агресија врз Украина и зацврстувањето на безбедноста и отпорноста.

На оваа средба на лидерите на ЕУ и Западниот Балкан беше потврдена целосната и недвосмислена посветеност на ЕУ за перспективата за членство на Западниот Балкан во Унијата и апелот на забрзување на процесот на пристапување, врз основа на веродостојни реформи од страна на партнерите, фер и ригорозни услови и принципот на индивидуални заслуги е во заеднички интерес. 

Зачлени се на нашиот е-билтен