Европската Унија повторно ја потврди својата целосна посветеност за евроинтеграцијата на Западен Балкан. Геостратешката положба со руската агресија во Украина и кризата во Блискиот Исток ја загрозува глобалната безбедност и ја потенцира важноста на Западен Балкан во ЕУ
Лидерите на ЕУ и Западен Балкан се сретнаа во Брисел на 13 декември, една година после самитот во Тирана во 2022 година. Целта на самитот беше се го приближи Западниот Балкан до ЕУ со политичка интеграција, поставување на идната економска основа и ублажување на влијанието на руската агресија во Украина.
Претседателката на Европскиот Парламент Роберта Мецола во среда изјави дека во споредба во претходни години, за прв пат земјите-членки на ЕУ се подготвени за проширување. Исто така потсети дека Европската Комисија препорачува условно отворање на преговорите за пристапот на Босна и Херцеговина.
На самитот на 14 декември, европските лидери одлучија да ги отворат преговорите за членството на Украина и Молдавија, Грузија да добие статус на земја кандидат и да се отворат преговорите со Босна и Херцеговина „откако ќе се постигне потребниот степен на усогласеност со критериумите за членство и ја повикува Комисијата да поднесе извештај до март со цел да се донесе таква одлука, претседателот на Европскиот совет” Шарл Мишел објави на платформата Икс.
Мишел во средата додаде дека земјите од Западен Балкан треба да ги исполнат останатите реформи пред да бидат добредојдени во ЕУ. “Очекуваме земјите од регионот на Западен Балкан да исполнат повеќе реформи, особено во полето на владеењето на правото и независноста на судството, наведе Мишел, даодавајќи дека сè уште постои „силна политичка одлучност” за регионот да го забрза процесот на реформи.
Голоб: „На проширувањето мора да се гледа од геополитички аспект”
Словенија отсекогаш ги поддржувала напорите на Босна и Херцеговина за влез во ЕУ. Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека Босна треба да се стави во истата група со Украина и Молдавија. Пред самитот во среда, Голоб ги повика лидерите на ЕУ да не ја забораваат геополитиката и побара на исти начин да се пристапува кон земјите кандидати. „Проблемот со процесот на проширување мора да биде разгледуван од геополитички апект и земјите кандидати треба да се разгледуваат заедно” додаде тој.
На пат кон Брисел, Голоб го посети Париз каде се сретна со Францускиот претседател Емануел Макрон. На прашањето дали Макрон ја поддржува иницијативата на Словенија дека на Босна и Херцецовина треба да ѝ се додели статус на земја кандидат, прашањето го пренасочи на Макрон. „Во принцип, го делиме истиот став” одговори премиерот.
Словениа е дел од таканаречените пријатели на Западен Балкан, заедно со Австрија, Хрватска, Чешка, Грција, Италија и Словачка, кои повикуваат на посилни сигнали до регионот.
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во четвртокот рече дека до Босна и Херцеговина се испратени силни политички сигнали и е поставена јасна временска рамка за отварање на преговорите за членство во март наредна година. Тој додаде дека ова е одлчен поттик за Советот на Министри на Босна и Херцеговина, предводен од Борјна Кришта, да преземе чекор за исполнување на останатите критериуми во наредние два месеци.
Европските лидери донесоа брза одлука, откако премиерот на Унгарија Виктор Орбан гласа воздржано, повлекувајќи го ветото, со тоа што ја напушти просторијата за време на гласањето.
Италија побара сигнал за Босна и Херцеговина
Одлуката за отварање преговори со Босна и Херцеговина откако ќе ги исполнат неопходните критериуми за членство беше силно поддржана од Италија. Пред почеток на самитот, Италија побара „јасна порака” да и биде испатена на Босна и Херцеговина. За Рим не беше доволно тоа што во декларацијата беше наведено дека е „ЕУ е спремна” да ги отвори преговорите со Сараево.
Во меѓувреме, Советот за општи работи искажа поддршка за активностите кои Босна и Херцеговина ги презема во врска со реформите по доделувањето на статус за кандидат во декември 2022 година. Беше истакнато дека се направени важни чекори и напори во исполнувањето на клучни приоритети и покрај негативни влијанија од Република Српска. Советот го охрабри натамошниот напредок за исполнување на реформите и ја потенцира важноста од усогласување со европското законодавство.
Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ во обраќањето на самитот во Брисел рече дека исполнувањето на 14 клучни приоритети од Европската комисија од мај 2019 година, е од суштинско значење за напредокот на Босна и Херцеговина.
Повеќе земји чекаат во редот
Останатите соседи-Албанија, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија, истиот така имаат амбиции за членство во ЕУ, но се соочени со долги и детални процеси.
Црна Гора, која се смета за фаворит, процесот го започна во 2012 година, па Србија во 2014 година. И двете земји се далеку од постигнување целосна усогласеност со европското законодавство и меѓународните стандарди.
Албанија и Северна Македонија преговарачкиот процес со ЕУ го отпочнаа претходната година, повеќе од една деценија откако обете аплицираа за членство.
Косово е спречена од фактот што пет земји членки на ЕУ не ја признаваат како независна држава по отцепувањето од Србија во 2008 година.
Премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски најави дека земјата го заврши скрининг процесот, потврден од ЕУ, но „сите знаеме дека имаме уште една задача што треба да ја завршиме”. Северна Македонија сега треба да спроведе уставни измени со цел да ги реши долгите проблеми со Бугарија и да го признае постоењето на бугарско етничко малцинство. „Предлог заклучоците се многу јасни и ние секако дека ќе продолжиме со реформите, а процесот на уставни измени е неминовен”порача Ковачевски пред почетокот на Самитот ЕУ-Западен Балкан.
Бугарскиот премиер Николај Денков во врска со пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ рече дека Бугарија го поддржува проширувањето на ЕУ во Западен Балкан, но морала да и даде вето на Северна Македонија поради историски, културни и јазични спорови. Софија побара од Скопје да го имплементира Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и да спроведе уставни реформи со додавање на Бугарите во Уставот. Владата досега само ги има дискутирано уставните измени иако тие сè уште не се усвоени во парламентот.
Србија се согласува со декларацијата, но се противи на санкциите кон Русија
„Добро е што го имаме Самитот ЕУ-Западен Балкан, бидејќи покрај европската политичка заедница ова претставува нов формат во кој ние од Западен Балкан можеме отворено, искрено и транспарентно да разговараме со лидерите на ЕУ” премиерката на Србија, Ана Брнабиќ изјави за медиумите.
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел ги повикува земјите од Западен Балкан да постигнат целосна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ. Тој исто се осврна на санкциите, бидејќи Србија одбива да воведе санкции кон Русија поради војната во Украина, иако е кандидат за членство во ЕУ. Таа изјави дека Србија за вредноста на Европската унија целосно се согласила со декларацијата на ЕУ. Но, кога станува збор за санкции народот стои против бидејќи „граѓаните ги имаат почувствувано ефектите од санкциите во 90-тите години. Сметаме дека санкциите секогаш предизвикуваат најголема штета на најранливите во општеството”.
Борел: „Да ги исполниме ветувањата, да избегнеме фрустрации“
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел се пожали од бавноста на процесот за проширување.
„Она што треба да го направиме е да ги исполниме ветувањата, да избегнеме фрустрации и да ги исполниме очекувањата” рече Борел.
„Преговорите за пристап се само дел од нашите напори за приближување на Западен Балкан кон ЕУ, а економијата е другиот дел” изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и додаде дека „економиите на земјите од Западен Балкан исполнуваат 35 проценти од просекот на ЕУ. Со други зборови, изобилуваат со искористен потенцијал”.
„Независно дали преку соларна фотоволтаична централа во Албанија или железница во Црна Гора. Ова се проектите кои мора да ги промовираме” фон дер Лајен нагласи. „И конечно младите луѓе, најскапоцениот дел од нашите животи. Бевме среќни и почестени што имавме шанса да отвориме кампус на Колеџот на Европа во Тирана во октомври, на којшто досега се пријавени 500 студенти. ЕУ ќе финансира 15 стипенди” најави таа.
Економската соработка и инвестициите за инфраструктура како што се патишта, железници, интернет и електрични мрежи се тука да поттикнат економиите во регионот. Комисијата најави нов пакет инвестиции од 680 илјади евра наменети за железничкиот транспорт и обновлива енергија за Западен Балкан.
Додека земјите не станат земји членки на ЕУ, луѓето и бизнисите треба „што можно поскоро да ги почуствуваат позитивните ефекти” Мишел изјави.
Поттикот на ЕУ е наменет за исполнување на се „повеќе инвестиции и поголем економски развој” додаде тој. (ЕНР / МИА)