Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Писонеро: Потребно е видливо подобрување на изборниот процес во Србија 

 Врз основа на заклучоците од меѓународниот мониторинг на изборите во Србија во неделата, можеме со загриженост да заклучиме дека е потребно „видливо подобрување“ на изборниот процес во земјата, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро. 

– Реформите и соодветното функционирање на српските демократски институции се сржта на пристапниот процес на Србија кон ЕУ. ЕУ ги очекува конечниот извештај и препораките на ОБСЕ/ОДИХР за идните избори, изјави Писонеро во одговор на новинарско прашање за коментар на ЕУ за предвремените парламентарни, покраински и делумни локални избори во Србија. 

Главниот портпарол на Европската комисија, Ерик Мамер додаде дека постои многу јасна Преговарачка рамка за Србија, од која фундаментален дел се начинот на функционирање на демократските институции и на спроведување на изборните процеси.

Во заедничката изјава на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји за изборите во Србија се наведува дека врз основа на прелиминарните наоди и заклучоци на меѓународните набљудувачи од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР), заклучуваат дека изборниот процес бара „видливо подобрување и дополнителни реформи“. 

– ЕУ со нетрпение го очекува конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР и препораките за идните избори, кои треба да се имплементираат што е можно поскоро и многу пред следните избори. Очекуваме и веродостојните наводи за извештаи за неправилности да бидат проследени на транспарентен начин од надлежните национални органи. Тука спаѓаат и наводите поврзани со локалните избори во Белград и другите општини, се наведува во изјавата. 

Борел и Вархеји воедно го повикуваме српското политичко раководство да обезбеди конструктивен и инклузивен дијалог ширум политичкиот спектар. 

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји  утре ќе ја посетат Црна Гора, каде што ќе

Претставниците на меѓународните набљудувачки мисии на изборниот процес во Србија оценија дека на изборите имало „нерегуларности, вклучително и купување гласови“, а биле забележани и сериозни проблеми во изборната кампања, пристрасно известување во медиумите и доминација на претседателот и владејачката партија, кои имале „систематска предност“. 

Шефот на набљудувачката мисија на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОБСЕ/ОДИХР), Алберт Џонсон, рече дека изборите биле технички добро организирани и дека гласачите можеле да избираат меѓу многу политички опции, но дека шефот на државата бил „премногу присутен во медиумите“ и дека „заедно со владејачката партија создал неправедни услови за учесниците на изборите“. 

– Во кампањата доминираше претседателот Александар Вучиќ, имаше агресивна и подбуцнувачка реторика, поларизација и лична дискредитација. Слободата на изразување и слободата на собири генерално се почитуваше во текот на кампањата, но притисоците врз јавниот сектор и собирањето гласови во јавниот сектор значеше дека тоа не може да биде слободен избор, рече Џонсон. 

Според него, забележано е „големо влијание на власта врз речиси сите медиуми“, како и дека опозицијата посочила оти немала пристап до многу медиуми. 

На вчерашните избори во Србија имаше нерегуларности, вклучително и купување гласови, а беа забележани и сериозни проблеми во кампањата што им претходеше, како пристрасно известување во медиум

Џонсон рече дека изборниот ден „главно поминал добро“, но дека имало неправилности поврзани со присуството на починати лица во избирачките списоци и доаѓањето на лица од други земји за да гласаат. 

Шефот на делегацијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), Стефан Шенах, пак, рече дека организацијата неколкупати изразила загриженост за „културата на предвремени избори и инструментализацијата на изборните циклуси“, наведувајќи дека тоа „ја поткопува довербата на јавното мислење во демократските институции и изборниот процес, што е компонента на падот на демократијата“. 

– Загрижени сме поради честите и вонредни избори кои ги спречуваат демократските институции да функционираат правилно и да даваат резултати, рече Шенах, додавајќи дека една од причините за загриженост била „клучната улога во кампањата на претседателот на државата кој не беше кандидат“ и бил третиран на „пофален и пристрасен начин во медиумите“. 

Според него, пристрасното известување во медиумите, нефер изборните услови и наводната манипулација со гласовите се „многу сериозни проблеми што институциите мора да ги решат“. 

Српскиот претседател Александар Вучиќ реши да не оди во приватна посета на Црна Гора на Бадник. Вучиќ на вонредна прес-конференција по средбата со патријархот на СПЦ Иринеј рече дека оваа одл

Шефот на делегацијата на Европскиот парламент, Клемен Грошељ, истакна дека забележале „слабо ниво на политичка дебата, притисок врз гласачите, лична дискредитација на противниците и остра реторика“, како и дека набљудувачите добиле неколку извештаи за лица кои живеат надвор од Србија, а гласале во Белград, и ги повика властите темелно да ги истражат ваквите тврдења. 

Специјалниот координатор на набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Рајнхолд Лопатка посочи дека изборите биле технички добро организирани, но на изборниот ден биле забележани низа процедурални проблеми, меѓу кои и повреда на тајноста на гласањето. 

Шефицата на делегацијата на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Фара Карими, изјави дека за време на изборите забележале повеќе нерегуларности, меѓу кои непочитување на процедурата за чување материјали, групно гласање, нарушување на тајноста на гласањето и купување гласови. 

Извор МИА

Зачлени се на нашиот е-билтен