Израел ги повика хуманитарните агенции на ОН да ги поддржат нејзините напори за евакуација на цивилите од воените зони во Газа пред планираната копнена операција во градот Рафа, кој се протега на египетската граница и веќе засолни огромен број Палестинци кои се евакуирани од другите делови на енклавата, пренесоа британските медиуми.
-Ги повикуваме агенциите на ОН да соработуваат со нас. Не кажувајте дека не може да се направи. Работете со нас за да најдеме начин, изјави портпаролот на израелската влада Ајлон Леви.