Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Скопје и Тирана „агрегати“ на забрзување на евроатлантските интеграции на Западен Балкан

Состанокот на лидерите на Западен Балкан, што ќе се одржи во Тирана на 28 и 29 февруари, се очекува, покрај реафирмирањето на евроатлантската политика, уште еднаш да ја потврди силната поддршка на земјите од Западниот Балканот кон Украина во војната против руската агресија.

– Состанокот на земјите од Западен Балкан, кој ќе се одржи на крајот на февруари, покрај реафирмацијата на стабилноста на евроатлантското патување, има и своја специфичност во силната поддршка за Украина во војната против руската агресија. Уште еднаш се докажува дека Албанија ја презема улогата на лидер на Западен Балкан во безбедносните политики во согласност со позициите на ЕУ, НАТО и САД, изјави за „Фронтлајн“, Исмет Рамадани од Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.

Тој вели дека доаѓањето на претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Тирана, докажува сигурност и респект за улогата на Албанија и Северна Македонија во поддршката кон Украина.

– Се повеќе се докажува дека Тирана и Скопје се карактеризираат како најпогодни места за афирмирање и забрзување на евроатлантските интеграции на Западен Балкан. Оваа оценка треба да биде поткрепена со фактот дека другите земји во регионот се соочуваат со агресивна пропагандна пенетрација на руското влијание за нивна дестабилизација. Сега северот на Косово, Република Српска и делумно Црна Гора (како членка на НАТО) се истакнуваат како невралгични точки. Протагонист на ширењето на руското влијание во овие земји е Србија со режимот на Вучиќ. На состанокот на земјите од ЗБ мора да се разгледа одговорноста кон раководството на Србија и српско-руските структури инсталирани во овие земји, анализира Рамадани.

Оваа средба во Тирана, вели тој, треба јасно да ја дефинира позицијата на Западен Балкан во однос на евроатлантските политики, како и кон руската агресија врз Украина.

– Учеството и обраќањето на претседателот Зеленски ќе биде силен удар врз проруските структури, а тоа најмногу ќе го почувствува Србија со својата двојна позиција, не дефинирана позиција за руската агресија врз Украина. Време е Тирана да и стави до знаење на Србија и на проруските структури во Северна Македонија и на други места, дека калкулациите со евроатлантската перспектива на Западен Балкан нема. Самитот во Тирана ќе има позитивни импликации во политиките кои гарантираат безбедност и благосостојба во регионот, се разбира и во Северна Македонија во пресрет на претседателските и парламентарните избори, рече тој.

Лидерите на Западен Балкан ќе се соберат во Тирана на 28 и 29 февруари. Во фокусот на средбата ќе биде патот на земјите од Западен Балкан кон ЕУ, каде што се очекува да се разговара за целите поставени од Унијата за земјите од Балканот, како и за создавање на основи за следните чекори во спроведувањето на Планот за раст и унапредување на соработката и интеракцијата со Европската комисија.

Потсетуваме дека Европската комисија, во ноември 2023 година, предложи План за раст за Западен Балкан, кој има за цел да ги прошири придобивките од Единствениот пазар на Европската унија на регионот пред формалното членство, со цел позитивно да придонесе за економскиот раст и забрзување социо-економска конвергенција со ЕУ.

Дестан Јонузи (Frontline)

Зачлени се на нашиот е-билтен