„Владата на Косово треба да започне со формирање на Заедница на општини со српско мнозинство“ , е една од препораките од таканаречениот „нон –пејпер“ што произлезе од „тајната“ средба меѓу претставниците на политичките партии на Косово и на Србија, одржана на 11 и 12 јануари во Солотурн, Швајцарија, пренесува косовскиот весник БОТА СОТ.
Дел од учесниците на оваа средба порачаа дека Здружението треба да биде дел од сеопфатниот договор.
„Мора да се разговара за модел за избори на север на кои учествуваат Срби и партиите да се договорат во рок од три месеци. ЕУ и САД треба да бидат страни во решавањето на овој спор со притискање на Приштина и Белград да се договорат за рамката на преговорите. Тие треба да преминат од улогата на олеснувач во улогата на медијатор. Рамката треба да го стесни опсегот на опции за партиите. Предлогот на ЕУ, познат како француско-германски предлог, се чини дека го прави токму тоа“ , се наведува меѓу другото, според БОТА СОТ.