Буџетот на Трамп за кампањата по јануари уште повеќе заостанува зад Бајден

Изборниот штаб на поранешниот американски претседател Доналд Трамп соопшти дека собрале 8,8 милиони долари во јануари, а потрошиле повеќе од 11 милиони долари.

„Доналд Трамп финансиски заостанува зад Џо Бајден, бидејќи потрошил повеќе на реклами и други трошоци отколку што собрал од донаторите“, покажуваат документите објавени во вторникот.

Трамп имаше нешто повеќе од 30 милиони долари на крајот на минатиот месец по успешните републикански прелиминарни избори во Ајова и Њу Хемпшир, што е помалку од 33 милиони долари што ги имаше еден месец претходно, соопшти неговиот изборен штаб во поднесоците до Федералната изборна комисија.

Бајден јануари го завршил со 56 милиони долари наспроти 46 милиони долари во декември минатата година.

Трамп и претходно покажа дека може да победи на изборите и кога неговите ривали трошат повеќе од него, како што беше случајот со Хилари Клинтон во 2016 госина.

Според националните анкети, Трамп и Бајден се во тесна трка и се очекуваат неизвесни избори во ноември.

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?