Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Никогаш ДПМНЕ не ја правела Македонија горда

Во оваа анализа го исклучуваме периодот на илинденската ВМРО бидејќи нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, освен што итромански го октроираа името на македонската револуцилонерна организација на кое имаат право сите граѓани на Македонија, а не само членовите на ДПМНЕ.

Зоран БОЈАРОВСКИ

Кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, професорката Гордана Силјановска Давкова го објави слоганот на нејзината кампања за претседателските – „Македонија повторно горда“.

Во ред, освен што е плагијат на кампањата на Трамп од претходните американски избори за претседател „Да ја направиме Америка голема повторно“ (Make America Great Again), ајде да провериме кога Македонија била горда низ историјата од нејзината државност до денеска, а тоа да било по заслуга на ВМРО-ДПМНЕ.

Во оваа анализа го исклучуваме периодот на илинденската ВМРО бидејќи нема никаква врска со ВМРО-ДПМНЕ, освен што итромански го октроираа името на македонската револуцилонерна организација на кое имаат право сите граѓани на Македонија, а не само членовите на ДПМНЕ.

Еве да одиме со ред.

Дали ВМРО ја направи Македонија горда за време на Втората светска војна, кога граѓаните на Македонија, организирани од Комунистичката партија Македонија и на Југославија ја избраa праведната страна на историјата и со земјите сојузници стана дел од антифашистичката алијанса која победи во големата војна.

ВМРО тогаш, под раководство на Ванчо Михајлов беше на страната на фашистите и, да не се заборави, беше сојузник на Бугарија во прогонот и геноцидот на македонанските Евреи.

Значи, нема зошто да биде горда Македонија на тој период.

Ајде да одиме понатаму.

Победата над фашистичкиот окупатор на силите на Народно ослободителната борба и македонските партизани, на земјата ѝ ја овозоможи реализацијата на вековниот сон и стремеж за сопствена држава.

На историскиот АСНОМ во манастирот Св. Прохор Пчињски, делегатите од сите краеви на земјата, ги донесоа државничките одлуки за формирање на институциите на самостојната македонска држава, во тој период како дел од југословенската федерација.

ВМРО на Ванчо Михајлов во тој период избра да делува во егзил, надвор од процесите што резултираа со создавање на македонската држава, членка на светската заедница на народите, бидејќи уште тогаш, како составна, суверена, членка на СФРЈ, беше признаена од Обединетите нации.

Тоа е за гордост, но и за тој ВМРО нема никаков придонес.

Одиме понатаму.

Во периодот на едноумието, ВМРО делуваше само како опскурна квазиорганизирана групација надвор од границите на Социјалистичка Република Македонија. Со ништо не придонесе за да се смета учесник во процесите кои го придвижија распаѓањето на поранешна Југославија и уште помалку во процесите за осамостојување и меѓународно признавање на Македонија.

Целиот тој товар го изнесоа на сопствените плеќи Сојузот на комунистите на Македонија, а ВМРО, овој пат со додавката ДПМНЕ, си дојде на готово кога сите услови за политички плурализам ги создадоа другите, а не ВМРО.

Ниту во тој период нема ништо од придонес на ВМРО-ДПМНЕ за да ја направи Македонија горда.

Доаѓаме до 1990/1991, пресудните години на референдумот за независност и на формирањето на повеќепартискиот парламентарен систем.

Додека ВМРО-ДПМНЕ врескаше „Солун е наш“, македонските рационални лидери кои произлегоа од умерените и конструктивни политичари на СКМ и на СКМ-ПДП (Сојуз на комунистите – Партија за демократска преобразба), се заложија за меѓународно признавање на земјата, го излобираа  мислењето на Робер Бадентер дека земјата ги исполнува сите услови да биде прифатена од меѓународната заедница како независна држава.

И на тој период нема за што да бидеме горди заради ВМРО-ДПМНЕ.

Ајде да ги поминеме и периодот на извориштето на кавгите со Грција и нивната блокада за прифаќањето на Македонија во меѓународниот поредок, но само со една попатна станица – конфликтот во 2001 година, кога заради немањето слух и чувство на ВМРО-ДПМНЕ за мултикултурниот карактер на земјата, тие одбиваа да ја прифатат реалноста дека помалите етнички заедници мора да ги добијат своите права.

На Самитот на НАТО во Букурешт, беше пропуштена шансата да прифатиме име на државата Република Македонија (Скопје), после што заради бесмислената илузија на ВМРО-ДПМНЕ и на автократот Груевски, започна идентитескиот инжинеринг со кој се наметна дека ние сме ексклузивни наследници на античките Македонци и на Александар.

Зошто би биле горди на тој период кога со тоа Македонија влезе во најтемниот период на нејзината современа историја кога беше прогласена за заробена држава.

Да не заборавиме дека три години претходно Македонија го доби статусот земја кандидат за членство во ЕУ, во период кога СДСМ беше на власт

Да забрзаме малку и да прашаме зар треба да бидеме горди на 27 април 2017 година, кога ВМРО-ДПМНЕ организираше насилен државен удар со упад во Собранието.

Зарем треба да бидеме горди на ВМРО-ДПМНЕ кои со својот режим ги фрлија медиумските слободи во провалија кога од 34 место во 2009 година, за 7 години падна за 84 мест.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ и „заробената држава“ Македнија беше на дното на Индексот на Репортери без граници, кога во 2014 година се најде на 123 место.

Во 2016 година беше на 118 место.

Ниту за тоа нема зошто да бидеме горди.

Но затоа можеме да бидеме на периодот од 2017 до денес кога медиумските слободи започнаа да се враќаат за да стигнат на 38 место за 2022.

Во 2020 година, Северна Македонија стана земја членка на НАТО, чин достоен за гордеење, а во 2022 ги започна преговорите со ЕУ. Уште еден чин за гордост.

Таа година, 2022 во јули, ВМРО-ДПМНЕ, заедно со Левица излезе на улиците и повторно се обиде да предизвика хаос и меѓуетнички конфликт.

Зар на тоа да бидеме горди?!?

Има уште многу, но единствениот заклучок само од ова погоре е дека никогаш ВМРО, а уште помалку ДПМНЕ, не ја правеле Македонија горда.

Зачлени се на нашиот е-билтен