Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Турк: Мора да се направи повеќе за да се стави крај на ужасната криза во Газа

 Високиот комесар на ОН за човекови права, Фолкер Турк, повика на нови напори од „сите држави со влијание“ за олеснување на „ужасните“ услови во Газа и на Западниот Брег, пренесе ДПА.

-Решавањето на катастрофалната ситуација на цивилите во Газа мора да остане приоритет, изјави портпаролката на Турк, истовремено додавајќи дека насилството на Западниот Брег предизвикува „голема загриженост“.

Во соопштението од Канцеларијата на ОН се наведува дека „Израел продолжува да го попречува увозот и дистрибуцијата на помош во Појасот Газа, што е кршење на меѓународното право“, пренесе германската агенција.

Турк побара ослободување на израелските заложници кои беа киднапирани во октомври 2023 година, прекин на огнот во Газа и неограничен пристап за сите хуманитарни работници со цел да се олесни маката на цивилното население на палестинската територија.

Канцеларијата на ОН за човекови права добила извештаи дека израелската војска само минатата недела нападнала најмалку осум џамии за време на прославите по повод крајот на Рамазан.

-Местата за богослужба се заштитени според законите на војната, рече портпаролката на Турк.

На окупираниот Западен Брег, Палестинците се под чести напади од толпи израелски доселеници, кои често се поддржани од војската.

По убиството на 14-годишното израелско момче од семејство доселеници, четворица Палестинци, меѓу кои и едно дете, беа убиени во акти на одмазда.

„Израел, како окупаторска сила, мора да ги преземе сите мерки во негова моќ за да го врати и обезбеди, колку што е можно, јавниот ред и безбедност на окупираниот Западен Брег“, се вели во соопштението.

Зачлени се на нашиот е-билтен