Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Уважување

Бранко ТРИЧКОВСКИ

Џон Дјуи рекол дека улогата на книжевноста е да го уважи светот, понекогаш огорчено, понекогаш повредено, но најдобро е кога ќе го пофали кога и да се укаже прилика за тоа.

Јас мислам дека тоа треба да биде функција и на новинарството и на сите кои учествуваат во јавната комуникација.

Тотално спротивно од она што сега се прави.

Малку уважување, бе, без тоа нема ништо.

Нема ни самоуважување.

Преку кур ми е од реалната и уште повеќе од исфабрикувана грозота во која луѓето уживаат. Човеците на кои маслото не може да им се крене во моторот ако рано-рано не истресат некоја грозота што им се случила во Веро, во Државна болница, во некоја банка, на улица, в кафеана, во школо. Со задоволство и среќа која им зрачи од можноста да кажат на какво говно се лизнале во текот на ноќта или претходниот ден.

Тие грозоти се како муфски говна на џамското стакло на нацијата и имаат природна тенденција да се згуснуваат и да го затвораат хоризонтот до под прозорецот. Од внатрешната страна. Не е тоа тешка завеса, не, не, повеќе е како слика на Џејсон Полок, таков некаков уситнет и згуснат, богат колорит кој им ја прави на луѓето убава и светла и пријатна темнината.

Мракот.

Хахаха.

Да ви кажам нешто: Можеме да се договориме вмро да го вратиме на власт, но дајте бре, престанете да серете и да јадете говна затоа што така го подготвувате теренот, не да се врати на власт, туку по некои предвремени избори час поскоро, да речеме во 2048 година, да седне во ќенефот што го подготвувате и да се олесни.


Текстот е личен став на Авторот.

Зачлени се на нашиот е-билтен