Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Бајден: Омразата се вкоренила во срцата на многумина, тоа бара наша континуирана будност и искреност

Американскиот претседател Џо Бајден во говор денеска посветен на одбележувањето на Денот на сеќавањето за жртвите од Холокаустот, предупреди дека заканата од антисемитизам во светот расте.

Бајден и демократите го подржаа нападот на Израел врз Газа, по терористичкиот напад на милитантнат агрупа Хамас на Израел на 7 октомври 2023 година.

-Никогаш повторно, едноставно преведено за мене значи: Никогаш да не се заборави. Никогаш да не забораваме значи дека мора да продолжиме да ја раскажуваме приказната, мораме да продолжиме да ја учиме вистината, рече Бајден додека се обраќаше во Холот на еманципација во американскиот Капитол.

-Вистината е дека сме изложени на ризик луѓето да не ја знаат вистината“, рече тој.

Годишниот настан посветен на Денот на сеќавањето за жртвите на Холокаустот е организиран од меморијалниот музеј на Холокаустот во Вашингтон. Во средштеото на настапот на бајден беа такви теми како безбедноста на еврејското населени, феноменот на ционизмот, проблемите со слободата на говорот и подршката на Израел од страна на САД.

Неговиот говор е на седум месеци по денот кога палестинската милитантна група Хамас го нападна Израел лани на 7 октомври, убивајќи 1.200 од израелски граѓани, споед податоци на Израел. Овој нап Бајден го нарече најсмртоносниот ден за Евреите по Холокаустот.

-Оваа омраза  продолжува да лежи длабоко во срцата на премногу луѓе во светот и бара наша континуирана будност и искреност, изјави тој.

-Сега тука сме, не 75 години подоцна, туку само седум и пол месеци подоцна, а луѓето веќе забораваат дека Хамас го ослободи овој терор. Додаде дека „не заборавив, ниту вие. И нема да заборавиме.

Говорот на Бајден доаѓа во време кога Израел во одмазда уби речиси 35.000 луѓе во Газа, која е под контрола на Хамас, според здравствените власти во Газа. Војната што сеуште трае остави многу од 2,3 милиони луѓе во областа на работ на глад и предизвика протести во САД барајќи од универзитетите и администрацијата на Бајден ја повлече поддршката за Израел.

Во говоорт, Бајден имаше за цел да ја олади поделената дебата во САД за еврејската безбедност, ционизмот, слободата на говорот и поддршката за Израел. САД се земјата со најголемо еврејско население по Израел.

Бајден рече дека неговата посветеност кон Израел е цврста дури и во услови на несогласувања со владата на земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен