Околу 300.000 Палестинци ги напуштиле источните населби на градот Рафа, во јужниот дел на Газа, откако беше издадена наредба за евакуација на 6 мај, соопшти израелската армија.
– Досега околу 300.000 жители се преселиле во хуманитарната зона Ал-Маваси, на неколку километри подалеку од Рафа, се вели во соопштението на израелската армија.
Израел издаде наредба за проширување на опсегот на евакуацијата од Рафа, како дел од подготвките за копнена офанзива во градот.