Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Томислав Османли и Шкељзен Халими на Средба на балканските писатели во Солун

Фотографија од претходоното гостување на Османли на Средбата на балканските писатели во Солун заедно со Александар Прокопиев
Фотографија од претходоното гостување на Османли на Средбата на балканските писатели во Солун заедно со Александар Прокопиев

Утре, како преттекст на 20 Меѓународен саем на книгата во Солун ќе започне Втората по ред средба на балканските писатели и литературни преведувачи. Средбата што се случува во организација на Градот Солун, Грчката фондација за култура и Друштвото на писателите од Солун ќе се одржува во текот на два дена, на 14 и 15 мај. 

Шкељзен Халими

На 2. Балкански конгрес на писатели и литературни преведувачи, како што оваа средба ја именуваат организаторите, поканети се и двајца писатели од земјава, Томислав Османли и Шкељзен Халими, поет, драмски автор и преведувач.

Ова случување е широко отворено кон богатиот балкански културен колорит, кон мноштвото јазици, автори, книжевни дела и објави, како и кон значењето на преводното творештво што го овозможува меѓусебното запознавање прееводна размена на литературите на балканскиот полуостров. Координатор на собирот во Солун е книжевно преведувачката организација Literatus Media чијшто прв човек Ставрос Дагиос е, инаку, автор на „Антологијата на балканското расказно творештво“, пред две години објавена во Грција, во која за разлика од поранешните слични објави во Грција, се вклучени раскажувачи и расказните творештва од буквално сите земји на регионот. Така, во неговата објава беа застапени осуммина македонски раскажувачи, меѓу другите и двајцата, годинава поканети писатели од земјава, Шкељзен Халими и Томислав Османли.   

Ова е, инаку, трето присуство на Томислав Османли на големиот меѓународен саем на книгата што по дваесетти пат, деновиве ќе се случува во соседната земја. На 12. Саем во Солун во 2015 година, тој учествуваше заедно со колегата Сашо Прокопиев, а беше претставен со својот награден и повеќекратно преведуван роман „Дваесет и првиот“, а две години подоцна и со прозната збирка „Светилка за Ханука“, исто така со широко преведувани и објавувани раскази, во оправданото отсуство на македонскиот писател, на 14. Саем на книгата во Солун ја претставија двајца знаменити тамошни автори.

На втората по ред меѓубалканска средба на литературните автори, се очекува богата размена на мислења за заедничките балкански културни и други вредности, за искуства и предлози за взаемни соработки и засилување на меѓусебните книжевни преводи, на тие начини и за градење мостови за соработка на сродниот, но и различен балкански културен простор.  

Зачлени се на нашиот е-билтен