Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Претседателката на Грузија стави вето на контроверзниот „руски закон“

Грузиската претседателка Саломе Зурабишвили стави вето на предлог-законот за странски агенти. Таа претходно најави дека ќе стави вето на нацрт-законот што предизвика неколкунеделни масовни улични протести, но нејзината одлука може да биде поништена со уште едно гласање во парламентот контролирано од владејачката партија и нејзините сојузници, пренесува Ал џезира.

„Денеска ставив вето на рускиот закон. Овој закон е руски во својата суштина и дух, Тоа е против нашиот Устав и сите европски стандарди, затоа претставува пречка на нашиот европски пат“, истакна таа на прес-конференција.

Од првото спомнување на нацрт-законот во парламентот минатиот месец, избија масовни протести во главниот град на Грузија, Тбилиси. Според одредбите на овој закон, медиумите и невладините организации кои повеќе од 20 проценти од парите ги добиваат од странство да се регистрираат како странски агенти, односно дека „работат за интересите на странска сила“.

САД и Европската унија постојано ја предупредуваа владејачката партија Грузиски сон да го отфрли нацрт-законот, а демонстрантите стравуваат дека тоа ќе му наштети на европскиот пат на земјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен