Организацијата „Лекари без граници“ соопшти дека пронашла тела на 11 мигранти во близина на либискиот брег, и го префрлила на брод на италијанската крајбрежна стража кај островот Лампедуза,.
Илјадници мигранти од Северна Африка се обидуваат да стигнат до овој остров во Италија.
Лекарите без граници соопштија дека нивниот спасувачки брод Гео Баренц ги пронашол телата по спасувачка операција која траела повеќе од девет часа. Не е јасно дали мигрантите биле жртви на претходна бродска несреќа, но тие биле предадени на италијанскиот брод откако обидите да се контактира со либиската крајбрежна стража за да ги собере телата останале без одговор.