Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Моди положи заклетва и го почна третиот последователен мандат како премиер на Индија

 Нарендра Моди денеска положи заклетва како премиер на Индија, што е негов трет последователен мандат на таа функција. Моди положи заклетва на церемонија предводена од претседателот Друпади Мурму во Раштрапати Баван, претседателската палата во Њу Делхи.

Седумдесет и тригодишниот Нарендра Моди е вториот индиски премиер по Џавахарлал Нехру, кој останува на власт трет мандат по ред.

Откако неговата хинду националистичка партија БЈП (Баратија Џаната партија) не успеа да освои апсолутно парламентарно мнозинство, тој ќе мора да се потпре на коалиционите партнери на власт. Ова е првпат БЈП, за време на владеењето на Моди, да има потреба од поддршка од сојузниците за да формира влада, откако освои убедливо мнозинство во 2014 и 2019 година.

Поголемиот дел од населението на Индија, дури 80 отсто од нејзините 1,4 милијарди жители, се хинду.

Поддржувачите на Моди му признаваат брз економски раст и подобрување на глобалната положба на Индија.

Но, неговите критичари велат дека тој ја поткопува индиската демократија и нејзиниот статус на секуларна нација со хинду националистичките напади врз малцинствата во земјата, особено муслиманите, и ја ограничува слободата на медиумите. Неговите политички противници, исто така, ги доведуваат во прашање економските резултати, укажувајќи на високата невработеност и зголемената нееднаквост и покрај силниот економски раст.

Зачлени се на нашиот е-билтен