Според податоците од лани, само во Слитско-далматинската жупанија, од 5000 ссезонци од соседните земји, околу 1200 работни дозволи им биле издадени на македонски државјани. Што се однесува за актуелниот момент, засега нема точни податоци од причина што конкурсот за работа е отворен и во подружнити полициски станици без преким се работи на издавање на работни дозволи. Се очекува бројот да биде многу поголем.
Мирјана ВАСИЛЕВА
Дарко и Марија, од Скопје, неoдамна заминаа за хрватскиот остров Црес, отткако се пријавија да работат во еден од хотелите којшто е сместен на брегот на Јадранско Море. Желбата на овој млад пар како што ни рече Дарко им се исполни за да се стекнат со ново искуство. Во моментот, тие задно со останатите сезонски работници, кои претежно се од балканските земји, ја завршуваат обуката што во организација на работодавачот и туристичката агенција, се спроведува, според програмата за сите видови работа што се поврзани со услугите во хотелиерството.
Во момнетот е многу важно, што побргу да започнат со работата, за која, како што ни рекоа, платата им загрантирана, како и сместувањето и храната, со што им останува само да се зароботи и да се запознаат со убавините на Црес, кој што со право го стекнал сатусот дијамант на Каврнерскиот залив во северен Јадран.
Во Умаг, пак, во кафунлињатаи во комерцијалните туристички објекти работат скопјаните Бојан и неговите 5 другари. Тие преходно беа на обука 15 дена во Загреби им се радуваат на првите заработени пари, за кои веќе испалнирале каде ќе ги потрошат.
Во Дубровник е и младата музичка артистка Миа Перевска, која заедно со група музичари од Југоисточна европа, ќе ги презентира своите музички перформанси на познатиот дубровнички плоштад Страдун, попознат по улучните свирачи – дубровничките трубадури. Очекува во најскоро време да ја добие дозволата за работа со намера и преку музиката, а која подготвила широк репортал, да го привлече вниманието на многубројните туристи. „Верува дека ке успее во својата мисија“ ни рече Михаела Миа Перевска.
Според податоците од лани од Слитско-далматинската жупанија, од 5000 ссезонци од соседните земји, околу 1200 работни дозволи им биле издадени на макеоднски државјани. Што се однесува за актуелниот момент, засега нема точни податоци од причина што конкурсот за работа е отворен и во подружнити полициски станици без преким се работи на издавање на работни дозволи.
Според истарските медиуми, Истра и островите со децении не можат да ги задоволат своите потреби во сезоната, а слична е состојбата и во останите туристички центри долж Јадранот. На југот, во Дубровник преку Далмација, па сѐ до Риека, останува актуелна големата побарувачка на сезонски работници за сите професии и поради тоа подготовките почнаа веднаш лани кога заврши туристичката сезона.
Ќе бидат потребни повеќе работници од лани велат од Туристичката агенција на Хрватска
Што се однесува до очекувањата за сезоната, според интерното истражување на Здружението за угостителство и туризам (ХУП) за работната сила во туризмот, се проценува дека 38 отсто од сезонските работници во 2024 година ќе доаѓаат од странските пазари и дека осум отсто повеќе сезонски работници ќе се потребни во туризмот во однос на 2023 година. Севкупно, се зборува за 50-60 илјади сезонски места.
Најголемите туристички компании сè уште претежно вработуваат работници од Хрватска (две третини), 20 проценти од работниците доаѓаат од соседните земји, но уделот на работниците од далечните земји расте (околу 10 проценти). Минатата година се издадени 40 отсто повеќе работни дозволи отколку во 2022 година, а раст е забележан и на почетокот на 2024 година.
Имено, во првиот квартал од годинава бројот на барања за работни дозволи е зголемен за 52 отсто како резултат на претходните подготовки од страна на работодавачите и претходното отворање на туристички капацитети, потенцираат од Здружението за угостителство и туризам ХУП.
Готвачите, келнерите, собарките, хегиничарките и продавачите се најбараните работници за „сезоната“ меѓу најголем број странски работници кои што и оваа сезона пристигнаа од Босна и Херцеговина Северна Македонија, Црна Гора и Косово.
Според податоците на хрватското МВР, до крајот на септември 2023 година се издадени 133.014 дозволи за престој и работа, најмногу на државјани на Босна и Херцеговина, Србија Северна Македонија и Косово. Се очекува и годинава и понатаму најзастапени ќе бидат странските работници од горенаведените земји, а бројот на странски работници во Република Хрватска ќе зависи од достапноста на домашната работна сила и потребите на стопанството – велат експертите од Министерството за труд , која исто така не сакаат да прогнозира колку работници всушност би можеле да пристигнат годинава ниту кои се вистинските потреби.
Според анализите на Стопанската комора на Хрватска проценките се дека до крајот на годината би биле изразени потребите до 180 илјади странски работници не само во туризмот , туку и во градежниот сектор. Хрватска, како и многу други европски земји, се соочува со демографски предизвици и одлив на работна сила. Дополнително, економскиот раст и развојот на некои сектори создадоа дополнителна побарувачка што домашната работна сила не може да ја задоволи.
Во Хрватска здруженијата на работодавачи очекуваат и зголемување на платите
„Во туризмот има тренд на континуирано зголемување на платите. Само во последните две години во најголемите туристички компании платите на работниците се зголемени за 27,5 отсто, а трендот на раст на платите ќе продолжи и годинава. Покрај платата, работодавачите даваат дополнителни поволности. Се обезбедува сместување, исхрана, а туристичкиот сектор станува се поатрактивен“, посочуваат од Здружението за угостителство и туризам ХУП
Sezonac.hr оваа година успешно собра и поврза бројни работодавачи и вработени, навестувајќи дека претстои уште една динамична туристичка сезона. Покрај кандидатите од Хрватска, најголемиот онлајн саем за вработување во туризмот и сезоната го посетија и многу баратели на работа од земјите од регионот, а најголема побарувачка имаше за готвачи, келнери и продавачи.
Хрватска работи и на законски измени за подобрување на условите за странските работници
Како резултат на потребата од „увозна“ работна сила, во хрватскиот парламент се очекува пратениците да го изгласат Законот застранци, со кои се планира продолжување на важноста на работната дозвола од една на 3 години и олеснување на промената на занимањето кај истиот работодавач.
Со законот се предвидува подобрување на условите за работа и атрактивноста за странските работници, како преку законски рамки, така и преку различни економски иницијативи. Покрај продолжување на важноста на работната дозвола, на оваа тема во Хрватска се размислува и за подобрување на условите за работа и престој на странските работници, како и пристап до здравствена заштита и образование и заштита од дискриминација.