Белгискиот крал Филип треба да започне разговори со лидерите на политичките партии кои освоија најмногу гласови на националните избори, а прв на разговорите треба да дојде Барт Де Вевер од Н-ВА, потоа Том Ван Грикен од Вламс Беланг и Жорж од МР.
На тие разговори главна тема ќе биде изборот на нов премиер, пренесува Политико.
Белгискиот премиер Александре Де Кро пристигна во кралската палата околу 11:30 часот, каде што ќе ја објави оставката на владата, пишуваат белгиските медиуми.
По него, кралот ќе има средби со претседателите на Горниот и Долниот парламент.