Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Марко Видојковиќ: Спаднавме на мафија и фашисти

Не велам дека на злото сега ќе му дојде крајот, затоа што сега има зло од двете страни – и во режимот и во десничарската опозиција. Над три децении зло е премногу за еден живот и за една мала нација.

Конференцијата за медиуми на Жозеп Борел во саботата, 45 минути пред полноќ, беше една од најтажните што воопшто сум ја гледал. По целодневното натегање во Титовата вила крај Охридско Езеро, уморниот европски дипломат излезе пред „седмата сила“, пет минути мрмореше со дипломатски речник за тоа како страните-непотписници ќе го применуваат договорот и анексот во текот на придружувањето кон Европскаста Унија, прво член 7, потоа се останато, а ако страните-непотписници не бидат послушни, ќе бие не-не и тоа би било тоа, носете се сега сите во три…, одам на спиење.

Навистина беше тажно, но, од друга страна, пак, ми беше и мило донекаде, бидејќи имавме прилика да видиме во живо како е тоа кога тнр. Меѓународна заедница ќе вложи карти на рускиот агент и водачот на организираниот криминал, во надеж дека токму нему, наследникот на Слободан Милошевиќ, може да му се верува. Најпрво го одвлекоа во Брисел и место него рекоа дека се сложува со договорот, кој потоа го објавија на нивниот сајт, па го намамија во Охрид за да исцедат свечен потпис од него, во убавата вила, на прекрасното езеро.

Состаното во Охрид, да не се лажеме, служеше за таа цел. Трасирањето на мапата заради имплементацијата на договорот – посебно ваква „мапа“, која двата кандидати за членство во ЕУ, од кои едниот (Србија) две години не отворил ниту едно поглавје во тој процес, ќе ги прати независно еден од друг, иако со договорот се решаваат нивните меѓусебни односи – е потполнно промашување во однос на тоа што „Западот“ наивно очекуваше.

Можеме дамо да замислиме на што личеле „Охридските преговори после договорот“: „Потпиши“. „Не сакам“. „Но, прифати, зошто не сакаш да потпишеш?“. „Не сакам да потпишам“. „Потпиши, не те чини ништо“. „Најпрвин Заедница на српски општини“. „Па, ете ти е ја Заедницата на српски општини во договорот“. „Ене ја Заедницата во Бриселскиот договор, па ја нема на Косово. Кој ми гарантира дека сега ќе ја има Заедницата?“. „Ние ти гарантираме, највисоките европски и светски дипломати, потпиши!“. „Не“. „И Курти гарантира, еве гледај, подготвен е да потпише!“. „Не сакам да потпишам“.

(По шест часа убедувања) „Па ти не сакаш да потпишеш заради Русите, каква црна Заедница на српски општини„“. „Не“. „Што, бре, не?“. „Убаво, не – не , значи не!“. „Не е заради Русите?“. „Не“. „Не во смисла не е точно, или не во смисла не, не сакам да потпишам заради Русите?“. „Убаво викам не, што не е јасно тука?“. „О.К. пауза за втората вечера.“. „Не ми се јаде“. И така тие се погаѓале и дркале со ликот кому во мозокот му останала цврсто втиснатата слика на јазавичарот што дише под водата, со неколку доверливи разговори со Москва, и од целиот кермез остана само тажната конференција за медиуми на Жозеп Борел.

Ниту конференцијата за медиумите на Неговата Нискост не беше највесела. „Нешто се договоривме, ај здраво“ е сижето на неговото синоќешно мумлање. Добро, сепак бил 12 часа во рингот, со подигнат гард, меѓу јажињата, и викал „Не!“. Денес го потврди сево ова што чпретходно го нагаѓав: „Може се, освен со потписот да го признам Косово како независна држава. Што велите? Каков бре бриселски договор, тоа не се важи бидејќи вашето паметење има рок на траење од пет години, а тој го потпишаа Дачиќ и Тачи, ехее, уште во 2013. Туку, малку сега да серам за тоа колку е дебилно да се обвини Владимир Путин за воени злосторства. Зарем јас, најдобриот студент на Правен во историјата на факуклтетот, тоа треба да ви го цртам, што вие од западот воопшто сакате, каков цар сум си себе си. Одвратни новинари, продолжете со поставувањето дебилни прашања…“.

„Царот“ има право да се чувствува како цар. Ако и дојде до межународна изолација на Србија заради неговата непослушност, граѓаните ќе го следсат, а мафијашкиот пиреј ќе вирее. Ден пред неговото заминување во Охрид на победа во викањето „не“, во 12 рунди, во Белград е одржан голем собир на десничари, против „предавството на Косово“. Циркусот беше комплетен – сопирање на автобусите што тргнале кон Белград, сликање на џандарите што вршат вонреден технички преглед и потоа, спотред масовноста, нешто налик на просечно посетен протест „1 од 5 милиони“, само што овој пат би можел да му легне насловот „Догодина во Прешево“.

Србија свечено доби нова опозиција. Со месеци пред априлските избори во 2022, фирерот вложи многу труд да го профилира десничатрскиот, проруски, антиевропски блок, како најсилна опозицијам, како во парламентот, така и на улицата. Тука беа дури и „навредливи“ плакати „Лажливка“ и “Француз“, вперени против водачот на „Заветници“ и Нова ДСС, таман доволно сето тоа да делува како вистинска опозиција, а да не биде баш прво навредување. Проевропската опозиција секогаш престанува да постои кога ќе се спомене Косово.

Популистичкиот алгоритам диктира дека треба да излеземе на улица за Косово, а не затоа што Србија е царство на корупција, во која секојдневно се гази уставот, се перат валкани пари, се „дила“ хероин, луѓе и оружје, и се напаѓаат новинарите. Нема врска. Косово е битно. Овој злонамерен спин, кој доаѓа од заедничкиот пропаганден напор на власта и лажната опозиција, а има, претпоставувам, логистичка поддршка од далечниот, па и подалечниот исток, ја претвора политичката сцена во Србија во презрена, со чисто лице (мафијашка влада) и наличје (десничарска опозиција).

Не остана ништо од демократијата, граѓанските и човековите права и европскиот пат на Србија. Резултатот од неколкумесечната тортура врз граѓаните заради косовските преговори е монополарна Србија, во која криминогената власт држи десничарски стап, со кој удира се што е демократско, граѓанско и либерално.

Покрај десничарската „опозиција“ и „проруските екстремисти“, тука се и „Студенти за Косово“, неформална параполитичка група на десничарска, депресивна младина, која треба да го смени името во „Студенти на Косово“ (повелете, видете, јадете, пијте, уживајте). Одржуваат неполитички митинзи, каде што зборуваат десничарски политичари, а новинарите се тепани. Што можеме да очекуваме од оваа силна борба за Косово? Дали „армијата да се врати на Косово“ или нова „Бура“, со која Албанците еднаш засекогаш ќе се обидат да го „решат“ проблемот што им го прави Србија, или обединувањето на Албанија и Косово?

Да ви кажам нешто за митинзите – сите бевте (а, не, всушност, не бевте) на големиот митинг на опозицијата, на Преображение Господово, во 1999 година, само два месеци по потпишувањето на „Куманскиот договор“. Разединетата опозиција некако се собра, дојде толпа луѓе и никој не побара да се брани Косово – веројатно затоа што беше свежо окупирано. Се бараше смена на Милошевиќ. Се бараше крај на десетгодишната тиранија на тоа проклето чудовиште.

Веднаш потоа СПО продолжи со „кривиот правец“, а кон крајот на септември 1999 година започнаа секојдневните протести на „Сојузот за промени“, во кои најголема од неколкуте здружени пајтон-партии беше ДС. Тие протести траеја подолго од протестите против изборната кражба во 1996/1997 година. Никој од нив не побара да се брани Косово – веројатно затоа што беше свежо окупирано. Се бараше смена на Милошевиќ. Веќе на вториот митинг полицијата не претепа како волови и ние, десетина протестанти, продолживме да чекориме по жолтата лента, како грст демократска беда. Да не видеше некој тогаш, ќе помислеше дека ова зло никогаш нема да заврши, а заврши за помалку од една година.

Не велам дека на злото сега ќе му дојде крајот, затоа што сега има зло од двете страни – и во режимот и во десничарската опозиција. Над три децении зло е премногу за еден живот и за една мала нација. Покрај тоа, се чини дека противникот научил некои лекции. Меѓутоа, и денес, како и тогаш, „противникот“ заборава дека е доволно некој да се накашла на вистинското место, во вистински момент, и наеднаш сè да тргне удолу и да испадне дека стапот со кој не тепаа има два краја.

(Извор: Бука)

Зачлени се на нашиот е-билтен