Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ: Врз Израел истрелани околу 50 ракети од Либан, нема повредени

 Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека од Либан биле истрелани околу 50 ракети кон областа Голанска висорамнина и дека во тој напад нема повредени.

ИДФ собори неколку ракети, додека останатите паднаа на отворен простор, пишува Тајмс оф Израел.

Милитантната група Хезболах во Либан објави дека лансирала десетици ракети „Качуш“ врз воена база во Голанската висорамнина, како одговор на синоќешниот напад на ИДФ врз североисточен Либан.

Израел и групата Хезболах во Либан разменија напади во последниве месеци додека војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас продолжува во Газа, при што загинаа десет израелски цивили и 15 војници, додека Хезболах соопшти дека загинале 331 член на групата.

Судирите меѓу двете страни се најлоши од 2006 година, кога Израел и Либан водеа војна што принуди десетици илјади луѓе од двете страни да ги напуштат своите домови во близина на границата.

Зачлени се на нашиот е-билтен