Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албанските граѓани без визи патуваат во Азербејџан

 Граѓаните на Албанија со важечки патни исправи може да патуваат во Азербејџан без визи.

Амбасадорот на Азербејџан во Тирана, Анар Хусејнов во објава на социјалната мрежа Х информира дека „без виза во Азербејџан може да патуваат и граѓаните на Албанија со регуларни пасоши“.

Договорот за укинување на визите за албанските државјани беше потпишан на 1 март годинава за време на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Баку, кој ја предводеше високата владина делегација.

Укинувањето на визите создава нови можности за туризам, економски развој и соработка меѓу двете земји, кои бележат важен скок во конкретното зајакнување на соработката, особено во текот на минатата година, што го означи и отворањето на амбасадата на Азербејџан во Тирана и најавеното отворање на албанската амбасада во Баку оваа есен.

Албанската владина делегација имаше низа значајни состаноци кои отвораат нови можности за туризам и економија, развој и соработка меѓу двете земји. Тука посебно договорот за реализација на пилот проектот за гасификација на Корча, како и за можноста компании од двете земји да учествуваат во проекти за обновливи извори на енергија. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново