– Претседателката на Европскиот парламент (ЕП) Роберта Мецола вечерва на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ во Брисел изјави дека претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, е поканет да присуствува на состанокот на лидерите на политичките групи во ЕП на 20 и 26 јуни поради завршни консултации, пред официјалниот самит на Европската унија на 27 и 28 јуни.
„Доколку дојде до договор за кандидатот за следен претседател на (Европската) комисија, лидерите на политичките групации ќе бидат на располагање да се сретнат со таа личност на 2 јули поради размена на мислења“, рече Мецола.
Таа додаде дека целта на тој процес е да се одреди кандидат кој ќе може да го формира потребното квалификувано мнозинство во ЕП за да стане претседател на Европската комисија, се вели во соопштението на Европскиот парламент.