Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Обилните дождови усмртија најмалку седум лица во Еквадор

 Најмалку седум луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во централниот дел на Еквадор предизвикано од обилните дождови во текот на викендот, соопштија локалните власти.

Во свлечиштето повредени се 16 лица, а 20 се водат како исчезнати. Спасувачките операции се во тек.

Обилните врнежи во Ел Салвадор предизвикаа најмалку 11 смртни случаи, а околу 880 луѓе се сместени во засолништа за итни случаи. Владата на Ел Салвадор поради невремето прогласи вонредна состојба.

Обилните врнежи предизвикаа поплави и одрони од кал во Гватемала, Хондурас, како и во југоисточниот дел на Мексико.

Метеоролозите го следат можното формирање на првиот тропски циклон во сезоната во Мексикански Залив. 

Зачлени се на нашиот е-билтен