Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Црна Гора: Со новиот предлог закон за локална самоуправа Улцињ без градски статус

 Сите општини на крајбрежјето во Црна Гора ќе добијат статус на град, со исклучок на Улцињ, а тоа го предвидува предлогот на новиот Закон за локална самоуправа, јавија црногорските медиуми.

Тоа значи дека Бар, Херцег Нови, Котор, Будва и Тиват ќе добијат статус на град на југ. Од друга страна, на север, само Пљевља и Бијело Поље можеа да добијат градски статус.

Се очекува, покрај Подгорица и Цетиње статус на град во централниот регион да добие и Никшиќ.

Како што рече државниот секретар во Министерството за јавна администрација Драгиша Јањушевиќ, со предлог-законот за локална самоуправа се менува повеќе од 50 отсто од опфатот на постоечкиот закон, јави РТЦГ.

Според него, законот предвидува децентрализација и поделба на административните единици на општини и градови кои ќе преземат поголеми надлежности.

„Во новиот нацрт на Законот за локална самоуправа јасно се прецизирани критериумите кои мора да се исполнат за да се добие статус на општина, а основното барање е местото да има повеќе од 8.000 жители“, појасни Јањушевиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен